Протестите против најновите одлуки на американската администрација во врска со Палестина беа одржани денес попладне во Газа.

Палестинците протестираа поради одлуката на САД да го признае Ерусалим за главен град на Израел, да ја прекине помошта за Палестина и да го стави лидерот на Хамас, Исмаил Ханиех, на глобалната “терористичка листа”, пренесува агенцијата Анадолу (АА).

Протестите во организација на Хамас и движењето “Исламски џихад” се одржаа по џума-намаз.

Демонстрантите носеле транспаренти со кои се критикуваа одлуките на американската администрација во врска со Палестина и извикуваа слогани како “Ние сме тука за Ерусалим” и “Ние го жртвуваме животот и крвта за Ал Акса”.

Семан Аталах, портпарол на Хамас, изјави дека очекува арапскиот и исламскиот свет да биде со палестинскиот народ.

Тој ги повика муслиманите во светот да ги поддржат Палестинците, така што Ал-Акса и Ерусалим конечно би биле слободни.

Тој, исто така, го осуди и ставањето на лидерот на Хамас, Исмаил Ханиех, водач на палестинската организација, на глобалната “листа на терористи”, и ги повика палестинските групи итно да престанат со поделби и да се обединат.

Имад ел-Ага, официјален претставник на Фатах, во говорот пред толпата изјави дека ја отфрлаат неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Тој нагласи дека Палестинците треба да продолжат со протести против неодамнешните одлуки на американската администрација во врска со Палестина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here