
Либискиот парламент, кој ја поддржува либиската национална армија, му даде дозвола на Египет воено да интервенира во таа земја.
– Египетските воени сили имаат право да интервенираат со цел да ја заштитат националната безбедност на Египет и Либија, доколку гледаат закана по безбедноста на двете земји – се наведува во соопштението на парламентот.
Потсетуваме дека египетскиот генерал Камал Амер вчера испратил заканувачка порака до Турција, која ја поддржува т.н. Влада во Триполи и се бори против ЛНА.
Египет неодамна спроведе воени маневри „Решителност 2020“ за да и ги демонстрира своите воени способности на Турција и другите.










