Капитенот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Хуго Лорис, изјави дека ќе се случи голема неправда доколку актуелната сезона не биде комплетирана и доколку Ливерпул не ја добие заслужената титула.

„Тие се практично шампиони и навистина ќе биде неправедно кон нив. Имаат голема предност на табелата. Ќе имаат горчлив вкус околу недовршената работа. Ова за нив требаше да биде најубавиот дел од сезоната. Никој не сака да заврши на таков начин, изјави Лорис.“










