Утре ни пристигнува мубаерк месец, избран и величествен месец, во кој Аллах, џ.ш. за секој верник ги зголемува наградите, ја отвора вратата на доброто и одвојува од злото. Месец на хајр, бериќет, благодат и прошка. Месецот Рамазан настапува 23 април, денес, со зајдисоцнето, додека првиот ден од постот на Рамазан е утре, петок 24.април.

Месецот Рамазан, месецот на милост и опрост, оваа година го дочекуваме во едно време, во кое за жал за прв пат во време на прогласена епидемија, од која на Муслиманите нема да им биде дозволено обавување на петте дневни намази, џума и теравих намаз, но сепак месецот Рамазан не е само месец на теравија намаз, постот е столбот на овој месец. Со искрен и чист ниет да го испостиме овој месец, да го сочуваме својот јазик и заборавеме на изговарање на лошите зборови, а да се потсетуваме и правеме зикр. Да се оддалечеме од лошите дела и навики и приближиме до Аллах џ.ш со правење на добри дела, помош на најблиските, обавување сите потреби за фамилијата и слично. Да се помолиме на единствениот Господар, ова искушение да го тргне и олесни на сите. Амин.

Инаку, Рамазан е месец на задолжителен пост за сите возрасни, здрави муслимани кои не се на пат. Постот беше е наредба од 2-та година од хиџра (624). Секој полнолетен, здрав, слободен муслиман се бара да пости цел месец од зори до зајдисонце.

Тоа е трета основа на исламот. Месецот Рамазан е 9-ти месец од исламскиот календар, што понекогаш е 29, а понекогаш и 30 дена. Годината на муслиманскиот календар е пократка за десет дена од сончевата година, така што Рамазан секоја година се менува за десет дена. Кој постел 36 години,  го испостил Рамазан секоја сезона и во сите месеци и денови.

Оваа прилика, решивме да издвоиме неколку хадиси за месецот Рамазан.

1. Ебу Хурејре р.а., пренесува од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., дека рекол: “Кој ќе го пости месецот Рамазан верувајќи и надевајќи се на награда, ќе му бидат опростени поранешните гревови кои ги правел.”

2. Ебу Хурејре, р.а., пренесува Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. дека рекол: “Кога ќе настапи рамазан, се отвораат Џеннетските, а се затвораат Џехеннемските врати и шејтаните се врзуваат!”

3. Ебу Сеид ел-Худри, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Седумдесет години Аллах, џ.ш., . ќе го оддалечи огнот од оној човек кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат!”

4.Ебу Хурејре р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: „Возвисениот Аллах рекол: “Секое човечко дело му припаѓа нему, освен постот! Тој ми припаѓа Мене и Јас посебно наградувам за него!”

5. Ебу Хурејре р.а., пренесува од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: “Постот е штит, па кога некој ќе пости нека не зборува срамни зборови и нека не вика, а ако некој го опцуе или нападне, нека рече: Јас постам!”

6.Ебу Хурејре р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Жими Оној во Чии раце е Мухаммедова душа, здивот од устата на постачот кај Аллах е подобар од мирисот на мискот!”

7.Ебу Хурејре р.а., го пренесува хадисот: “Постачот има две радости: радост при ифтар и радост при средба со својот Господар!”

8.Ебу Хурејре р.а., го пренесува хадис: “Секое човечко дело повеќе пати се наградува. Доброто дело се наградува од десет до седумдесет пати освен постот, зошто Возвишениот Аллах рекол: Тој е Мој и Јас за него наградувам. Тој ги остава своите страсти и храна заради Мене!”

9.Сехл ибн С’ад р.а., пренесува од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. дека рекол: “Во Џеннетот има врата која се вика “РЕЈЈАН“. Низ неа, покрај постачите, нема никој друг да влезе! Ќе се праша: Каде се постачите? Тие ќе станат и никој друг освен нив нема да влезе! Кога тие ќе влезат, вратата ќе се затвори и никој нема друг да влезе!”

10.Талха ибн Убејдуллах, р.а., пренесува дека кај Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., дошол некој бедуин и покрај другото го прашал: “Извести ме за она што ми го задолжил Аллах од постот?!” Тој одговорил: “Месец Рамазан, освен уште нешто ако самиот сакаш доброволно!”

11.Хузејфе ибн ел-Јеман, р.а., пренесува дека го слушнал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., дека рекол: “Искушение за човекот може да биде во неговата фамилија, освен оној кој пости ден-два пред рамазан и така го дочекува тој месец.” Со тоа се посакува да се оддели нафиле пост од фарз пост!”

12. Ебу Хурејре р.а., пренесува од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: “Почнете да постите кога ќе ја видите месечината и престанете да постите кога ќе ја видите неа! Ако месечината биде покриена со облак, тогаш потполнете го сабан триесет дена!”

13.Абдуллах ибн Омер р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Немојте да постите ден или два пред рамазан, освен оној кој веќе запостил нека го заврши!”

14. Ебу Хурејре р.а., пренесува од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. дека рекол: “Немојте да постите кога ќе настапи втората половина на месец Шабан!” Некои научници сметаат дека оваа Пејгамберова препорака се однесува верникот да би го дочекал рамазанот поподготвен и посилен.

15. Абдуллах ибн Амр ибн Ас р.а. пренесува дека Пејгамберот а.с. рекол: “Во постот е воздржување на страстите на мојот уммет!”

16.Абдуллах ибн Мес’уд р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Кој има можност да се ожени, нека се ожени, бидејќи тоа подобро делува на соборување на поглед и најсигурно го заштитува половиот орган, а оној кој не е во можност да се ожени, нека пости, бидејќи постот е еден вид на заштита!”

17.Севбан, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Постот на месец рамазан е рамно на десет месеци пост, а постот на шестте дена од шеввал после него, е рамно на два месеци пост, па така тоа претставува дека цело време постел!”

18. Ебу Ејјуб р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Кој ќе го испости месец рамазан потоа го проследи со уште шест дена од шеввал, како да постел цело време!”

19.Ебу Хурејре р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Кој не го остави лажниот говор и постапување според него, Аллах нема потреба од него да го остава своето јадење и пиење.”

20. Ебу Хурејре р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Петте дневни намази, од џума до џума и од рамазан до рамазан, ги бришат гревовите, ако се избегнуваат големите гревови.”

21. Абдуллах ибн Аббас, р.а. рекол: “Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. бил најдарежлив меѓу луѓето, а најдарежлив бил во рамазан, кога се сретнувал со Џибрил а.с. Џибрил а.с. се сретнувал со него секоја ноќ во текот на рамазан и заедно со него учел Кур’ан. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. кога се сретнувал со него, бил подарежлив од ветрот кој донесува плодноносен дозд!”

22. Енес ибн Малик р.а., дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Станувајте за сехур, оти во него, навистина има берикет.”

23. Од Амр ибн ел-Ас се пренесува дека Мухаммед а.с., рекол: “Разлика меѓу нашиот пост и постот на евреите и христијаните е во стануванјето за сехур.”

24.Од Сехл ибн С’ад р.а. се пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Луѓето ќе бидат во добро се додека брзаат со ифтар!”

25.Ебу Хурејре р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Возвишениот Аллах рекол: “Мои најдраги робови се оние кои брзаат со ифтар!”

26.Од Селман ибн Амир ед-Дабби р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “Кога некој од вас ифтари, нека ифтари со урми, а ако ги нема, тогаш нека ифтари со вода, бидејќи таа е чиста!”

27.Енес ибн Малик р.а., вели: “Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. ифтарел со урми пред да клања. Ако не нашол свежи урми, би ифтарел со суви. Ако не нашол ниту суви урми ќе ифтарел со голтка вода.”

28. Од Ебу Хурејре р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Кога некој од вас ќе заборави (додека е во пост) и касне, или се напие, нека го продолжи својот пост, бидејќи со тоа Аллах го нахранил и напоил.”

29.Аиша р.а., вели: “Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. го затекнувала зора, а тој од односот со своите жени уште бил џунуб, па тогаш би се искапел и постел!”

30. Зејд ибн Халид ел-Џухени, р.а. пренесува од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., дека рекол: “Кој ќе му подготви ифтар на постачот, ќе има награда како и тој, без наградата на постачот да се намали.”

31.Енес ибн Малик р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. дошол кај Са’ад ибн Убаде р.а., кој му изнесол леб и маслиново масло, кое Пејгамберот а.с. многу го јадел, и после тоа, проучил дова: ‘Кај вас нека ифтарат постачите, нека вашата храна ја јадат побожните и нека мелеките чинат истигфар за вас!”

32.Од Аиша р.а., се пренесува дека Мухаммед а.с., рекол: “Кој ќе умре, а му останал задолжителен пост, нека напости за него најближната роднина.”

33.Абдуллах ибн Аббас р.а., рекол: “Кај Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., дошол еден човек и му рекол: Аллахов Пратенику, мајка ми умре, а останала должна еден месец пост. Може ли јас за неа да надоместам?! “Да”- рече тој – бидејќи долгот кон Аллах џ.ш., е најзаслужен да се изврши!”

34. Абдуллах ибн Аббас р.а пренесува дека дошла некоја жена кај Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., и му спомнала дека нејзината сестра останала должна да пости еден месец, бидејќи таа пловејќи низ море умрела и не го извршила. Пејгамберот а.с., и рекол: “Пости за својата сестра!”

35. Ебу Хурејре р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Кој ќе ја помине ноќта на Кадр во ибадет, верувајќи и надевајќи се во награда, ќе му бидат опростени претходните гревови.”

36.Од Аиша р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., и препорачал: “Барајте ја Лејлету-л-Кадр во непарните ноќи од последните десет дена од рамазан!”

37.Аиша р.а. вели: “Го прашав Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., што мислиш кога би знаела во која ноќ се наоѓа Лејлуту-л-кадр, што да учам во неа?” Тој и одговори: “Учи: АЛЛАХУММЕ ИННЕКЕ ‘АФУВВУН, КЕРИЈМУН ТУХИББУ-Л-‘АФВЕ, ФА’ФУ ‘АННИ/ Аллаху мој, Ти си оној кој простува и облагородува, Ти го сакаш простувањето, прости ми мене!!”

38.Од Аиша р.а., се пренесува дека рекла: “Кога би настапила последната третина од рамазан, Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.,ноќта би ја проведувал во ибадет, ќе ја разбудел својата фамилија и се трудел ибадет да биде што подобар!”

39. Абдуллах ибн Омер р.а., рекол: “Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., претстојувал во и’тикаф последните десет дена од рамазан!”

40.Ебу Хурејре р.а., пренесува дека некој бедуин дошол кај Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., и го праша: ‘Аллахов Пратенику, упати ме на добро дело кое ако го правам ќе влезам во Џеннет!’ Тој му одговори: “Да го обожаваш Аллах, не припишувајќи му придружник, да клањаш намаз, да даваш зекат и да постиш рамазан!” Бедуинот рече: ‘Жими Оној во чии раце е мојот живот, јас над ова нема да додадам ништо!’ Кога тој замина, тогаш Пејгамберот а.с.,рече: “Кому му причинува задоволство да гледа во еден од жителите на Џеннет, тогаш нека погледне во овој!!!
Од Омер бин ел- Хатаб се спомнува преданието дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кога еден од вас во рамазанската ноќ се разбуди па се сврти од една на друга страна во постелата, мелекот му вели:„Кум барекеллаху фике ве рахиме келлах- Стани, Аллах те благословил и ти се смилувал“. Ако стани со нијет да клања намаз, за него постелата моли зборувајќи:„ Аллаху дај му воздигната постела“, а ако облече облека, таа моли:„ Господару дај му Џеннетска облека, а ако облече нешто од обувките, обувките молат: „ Господару, зацврсти му ги нозете на правиот пат“, а ако земе некој сад, тој моли:„ Господару дарувај му Џеннетски садови“, а ако земе абдест, водата моли:„ Господару исчисти го од гревови и грешење, а ако стане да клања намаз, неговата куќа вели:„ Господару направи го неговиот кабур простран и светол и зголемија Својата милост кон него.“ Аллах тогаш го погледнува со милостлив поглед и му вели, додека му се обраќа со дова: „О мој робе, од тебе е довата, а од Нас е услишувањето, од тебе е молбата, а од Нас е исполнувањето, од тебе е барањето прошка, а од Нас е просувањето.“(Бухари)

 

„Dubai-Portal“