Саудијците го преведиле Кур`анот на хебрејски јазик, според еврејската традиција

0
127

Во Саудиска Арабија, неодамна беше објавен примерок од Светиот Кур`ан на хебрејски јазик, а некои ајети се преведени според еврејската традиција.

Откако палестинската новинска агенција Шахаб во саботата посочи на катастрофални грешки во споменатата верзија на Светата муслиманска книга, Организацијата Фахд за печатење на Кур`анот во Саудиска Арабија го повлече контроверзниот примерок од својата веб-страница и напиша дека „хебрејскиот примерок наскоро ќе биди достапен “

Алаудин Ахмад, истражувач на ционистичка тематика, во Кур`анот открил повеќе од 300 грешки во преводот на хебрејски јазик, потпишан од Асад Нимр Басул.

Една од катастрофалните грешки што ја посочи Ахмад е преводот на зборот џамија (Ал-Акса), кој е заменет со зборот „храм“, а според еврејската традиција, телото на Хазрети Сулејман (Соломон) е погребано под таа џамија, односно Ал-Акса.

Исто така, името на хазрети  ` Исмаил е изоставено од еден курански ајет. Евреите веруваат дека Хазрети Ибрахим имал само еден син, Ишак, а дека Исмаил не постоел.

Исто така, во табелата со имињата на Божјите пратеници, преведувачот не го спомна името на пророкот Мухамед (с.а.в.с).

Иако Организацијата Фахд го повлече преводот, копии на хебрејски сè уште се достапни на други саудиски веб-страници.