ПАРИЗ (АА) – Безбедносните сили на Франција го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон, од театарот „Ле Буф ди Нор“ во Париз поради напад од антивладини демонстранти, јавува Агенција Анадолија (АА).

Поголема група демонстранти се собраа пред театарот во Париз откако на социјалните мрежи е објавено дека претседателот Макрон се наоѓа во таа зграда.

Извикувајќи слогани против Макрон, демонстрантите се обидоа да влезат во театарот, а француската полиција го евакуираше претседателот.

Најавениот владин план за реформа на пензискиот систем во Франција беше повод за протести и штрајкови, кои траат од 5 декември минатата година.

Администрацијата на францускиот претседател, Емануел Макрон, со новиот план предвидува висината на пензијата да се пресметува врз основа на износот на платата што работникот ја имал во текот на целата кариера, а не врз основа на последните пет години од работната кариера.

Синдикатите тврдат дека тоа значително ќе резултира со пониски пензии за идните пензионери.