Ирачкиот парламент изгласа сите странски трупи, вклучувајќи ја и американската армија, да се повлечат од ирачката територија, јавуваат медиумите.
Одлуката подразбира и прекинување на договорот за соработка предводена од САД со Меѓународната коалиција за тероризам.
Како што претходно објасни ирачкиот премиер Адел Абдел Махди, обраќајќи се пред Собранието, суспендирањето на присуство на странски сили во земјата е единственото добро решение, и покрај внатрешните и надворешните проблеми.
Коментирајќи го убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, Махди рече дека ирачките власти биле навистина информирани дека нападот ќе се случи, но само неколку минути пред ракетата да удри во автомобилот во кој бил генералот.
Ирачкото Министерство за надворешни работи исто така во изјава рече дека ќе поднесе тужба до Советот за безбедност на ОН за убиството на Сулејмани.
Претходно, ирачкото Министерство за надворешни работи достави протестна нота до амбасадорот на САД во земјата, која остро ја осуди операцијата против Сулејмани.











