„Ќе донесам правда. Правдата која ќе стане наш заштитен знак, наш бренд“ , прача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на собирот „Обновата доаѓа“ којшто попладнево се одржа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.
Собирот беше во рамки на кампањата која опозицијата ја спроведува изминатите месеци наречена „Разговори за обнова на Македонија“.
Враќањето на правдата беше една од главните пораки кои Мицкоски ги испрати во неговиот говор.
„Јасно ми е дека народот е разочаран од политичарите. Разбирам дека има огромна апатија и разочараност, а и причина и искуство зошто тоа е така. Но, ве уверувам дека не сме сите исти. Не сакам и нема да дозволам моето име да се поистоветува со луѓе кои го изневериле народот. Ќе видите. Давам збор пред вас овде дека ќе биде поинаку, подобро, затоа што може подобро, вие заслужувате повеќе, а Македонија заслужува подобро.
Сите вие, народот на Македонија давате постојано за оваа земја цели 29 години. Сега е време Македонија да ви врати. Вие никогаш до сега не ја разочаравте Македонија, а сега Македонија не смее да ве разочара вас. Сега е денот кога се она што го дадовме ќе се врати, 12-ти април 2020.
Сето ова јас го чувствувам за моја обврска и мое ветување кон секој еден од вас. И што би бил јас ако прв не го применувам тоа што го барам од секој еден мој соработник. А се знае дека прво што треба да се направи е моралниот кодекс да се почитува дома, во својот двор. И затоа постојано повторувам и велам дека секој кој е со мене од мојот тим мора да му слугува на народот, на граѓаните и на нашата земја. И дека мора да покажеме чесност и честитост, без ни малку ароганција, да покажеме дека сме подготвени да се откажеме од секој кој се огрешил пред законот и пред народот, и дека нема вечни функции и дека државниот интерес е пред и над сите други интереси. Да се откажеме од секој оној кој греши, за да не грешиме пред народот. Македонија страда од тоа што квалитетните се маргинализирани, а за жал денеска гледаме едно масовно неспособно владеење на СДСМ кое што опфаќа луѓе кои што се на функции. Не смееме да го повторуваме филмот на минатото, без оглед чива лента редиме на проекторот, на ВМРО или СДСМ. Ако се грешело сега и во минатото, знам суврен сум дека во времето пред нас нема простор за грешки, нема простор за ниту една грешка“ рече Мицкоски.
Tera.










