Турското Министерство за надворешни работи официјално се закани со протерување на Соединетите држави од Воздухопловната база Инџирлик, каде е складирано американско нуклеарно оружје, како и од воената база „Коречик“ во близина на градот Малатија во југозападна Турција, каде се наоѓаат компоненти на ракетниот систем на “американскиот против ракетен штит“. Анкара се закани дека ќе го стори тоа доколку Соединетите држави воведат санкции кон Турција заради купувањето на системот С-400 од Русија.

Всушност, како одговор на заканата на САД, според која прашањето за санкциите директно зависи од почетокот на работењето на системот С-400, Турција го доведува во прашање присуството на американската војска во Инџирликк. Ако се изречат санкции за турските власти и воено-индустрискиот комплекс во Анкара, Ердоган е подготвен и за вакви потези.

По неуспешниот обид за пуч во 2016 година, темата почна да се појавува сè почесто во турскиот печат, ама заканите од санкции на САД за системот С-400 и на турските„ асиметрични закани“им даде посебна целовитост.

Претходно, Анкара ги избегнуваше ваквите директни закани и не споменуваше за присуството на американската војска во Инџилрик, ограничувајќи ја дискусијата на оваа тема на официјалните провладини медиуми, каде, благодарение на тишината на раководството на земјата, набудувачите и аналитичарите дадоа се од себе за да разјаснат како најдобро да се протераат Американците од Инџирлик.

Проблемот е што санкциите против Турција не доаѓаат лично од Трамп, кој постојано се обидува да го извади ова прашање од агендата. Сепак, од почетокот на турската операција против Курдите, демократите и лобито на воената индустрија во Републиканската партија вршат притисок за најтешка економска репресија против Ердоган.

Затоа, логиката на домашната политичка борба во Соединетите Држави може навистина да ги турка Турција и Соединетите држави во уште поголем клинч од оној моментно во двете држави.

Се разбира, би било идеално за многумина од поширокиот регион да бидат сведоци на ситуацијата кога Соединетите држави наметнуваат санкции за Турција, при што Турција ќе ги протера Американците од својата територија, и тоа би било идеално за Русија, Иран и Сирија на прво место. Во овој случај, продажба на руските системи С-400 на Турција би постигнала двојна цел, и воена и политичка, без да се сметаат профитите од продажба на оружје.

Но, се чини дека круговите од Вашингтон кои добро разбираат дека ваквите случувања ќе го туркаат Ердоган понатаму во ситуациона алијанса со Русија и Иран, но и ја комплицираат ситуацијата во рамки на Пактот на НАТО, ќе се обидат да го спречат ова сценарио.

Затоа, се чини дека Соединетите држави ќе продолжат да се обидуваат да го убедат Ердоган да се повлече од договорот со Русија, а доколку тоа не се случи, ќе бараат таква опција за казнување на „пријателството на Реџеп“ што нема да ги деградира целосно односите на Соединетите држави со Турција, особено не губење на бази важни за американско влијание во еден од клучните региони во светот.

Напротив, корисно е Русија да ги зајакне овие противречности и да го прошири јазот меѓу Соединетите држави и Турција. Продажба на современи авиони на турскиот пазар, претходно затворен за Руската Федерација, е логичен начин да се предизвикаат проблеми за Американците, бидејќи американските авијациски корпорации, преку нивните лобисти во американскиот сенат и Претставничкиот дом, ќе извршат притисок врз Белата куќа да го заштити турскиот пазар од руско пробивање .

Но, дури и во овој случај, притисокот, пред сè, ќе има врз самата Турција, што дополнително ќе ги труе односите меѓу Анкара и Вашингтон.

Се разбира, Русија ќе го искористи овој конфликт сè додека ќе отвори разни можности за да ги ослабне САД и да го зајакне своето влијание на Блискиот исток.

Всушност, целата историја на системот С-400 повеќе од јасно објаснува дека, со прилично мали средства, според стандардите на големите сили, противникот може да создаде долгорочни проблеми на регионално и глобално ниво.


Dubai-Portal / Ahval