Нигерија
Пиратите киднапираа 19 членови на екипажот на танкер со сурова нафта, изјави вчера официјален претставник на бродскиот оператор.
Пред два дена бродот бил нападнат на 77 наутички милји од островот Бони , а екипажот бил киднапиран, изјави официјален претставник, пренесе „Ројтерс“.
Супертанкерот „Нејв констелејшн“, кој може да превезе до два милиони барели нафта, пловел под знамето на Хонгконг.
Оператор на танкерот е грчката компанија за испорака „Навиос танкерс менаџмент“.
Dubai-Portal / Unb










