Во текот на изминатите месеци, можевме врз основа на извештаите во медиумите, да се загрижиме поради вести за климата, затоплувањето, пластика во океаните, пожари во Сибир, Алјаска, Амазон, пластични честички во храната, тропски циклони. Во оваа серија текстови ќе се обидам да објаснам зошто ми се чини дека прашањето за одржливоста ќе го одбележи 21-от век. Исто така, ќе се осврнам на неколку очигледни и целосно нови предизвици со кои ќе се соочи човештвото во наредните децении, а кои ќе треба соодветно да се решат.

Аналогија со херметички затворена зграда

Што се случува и колку треба да се грижиме? Ќе се обидам да ја опишам прилично едноставно – по аналогија со многу голема, но херметички затворена зграда со околу 200 станови. Во оваа аналогија, зградата ја претставува планетата Земја а становите ги представуваат одредени држави. Првично, сите станови беа во груба фаза на работа. Некои од нив се многу мали, со само неколку станари. Други се распоредени на повеќе ката и во нив има илјадници луѓе. Од таа не може да се излезе затоа што нема врата. На скалите има растенија и животни кои можат да се донесат во становите и да се одгледуваат за човечка потрошувачка. Покрај тоа, во sидовите има цевки со вода. Таа може да се пие, и се влева во канализациите, па повторно се враќа во цевките и така кружи, но никој не знае колку точно вода има. Во секој стан, луѓето имаат тенденција да живеат на свој начин.

Со по време станарите откриле дека во ѕидовите има и цефки со гас како и жици под напон. Со комбинација на гас и електрична енергија, тие започнаа да произведуваат керамички плочки, паркети, ѕидни бои, мебел, разни уреди. Ова се случи побрзо и поефикасно бидејќи пазарите во тие станови беа послободни. Во становите каде немало таква слобода, се дознало дека има станови во кои луѓето живеат подобро. Но, не им беше важно на „владетелите“ на становите кои не беа со таква слобода. И тие, многу време,живееја во овие нерегулирани станови, искористувајќи ги сите други. Тие не се малтретирале да размислуваат за слободниот пазар и за општото добро. Додека овие станови стагнираа без економска слобода, станарите на најдобро чуваните станови почнаа да пробиваат отвори во ѕидовите. Ова им го олесни движењето од еден до друг стан, се посетуваа едни со други и тргуваа. Сепак, вратата на скалите сè уште беше цврсто заклучена.

Незадоволството се зголеми во неуредените станови. Затоа, некои решија да дупчат дупки во ѕидовите и да се искачуваат или спуштат од надворешната страна на зградата до подобрите станови. Станарите таму тајно ги пуштија, но со финансиски надоместок. Сепак, некои ќе паднат од зградата во тие обиди и тоа ќе биде нивниот крај. Тоа е непристоен прилив на мигранти што тече меѓу становите што се подобри и полошо регулирани, заради разликата помеѓу нивниот економски потенцијал. Слично како во електротехниката,каде ќе протече електрична струја на електрони низ проводникот заради разликата во електричниот потенцијал.

Ѕидовите што носат товар пукаат, температурата се зголемува …

Стигнавме до одредено време кога становите што го прифаќаат слободниот пазар се убаво украсени. Како и да е, во зградата остануваат уште многу станови, многу од нив се многу големи, кои се уште се доста неуредени. Тогаш некој на вториот, седмиот и четиринаесеттиот кат од зградата забележал пукнатини во sидовите.Покрај тоа, некој друг ги броел животните на скалилата и заклучил дека нивниот број почнал да опаѓа, бидејќи тие веќе не биле истобројни. Третиот ја мерел температурата во зградата и заклучи дека малку се зголемила. На некои од растенијата на скалите листовите им пожолтеле. Во досега чистата вода што секогаш течеше низ цевките, сега се појавија честички од отпадна материја, кои настанаа од производството на сите тие корисни работи во живеалиштата. Конечно, истражувачите ја поврзаа употребата на гасот од цевките со загревањето на воздухот во зградата.

Додека ги подобрувавме условите за живеење во многу станови, никој не помисли дека инсталирањето на сите овие плочки и паркети, поставување мебел и уреди, како и брзото зголемување на бројот на луѓе што живеат во становите, може да ја загрози статиката на самата зграда. Никој не помислуваше дека производството може да го загрее воздухот во зградата – до тој степен што животните и растенијата што им обезбедуваа на станарите храна и кислород може да бидат загрозени. Никој не помислил дека водата во цевките може да се контаминира до таков степен што веќе не би била соодветна за пиење.

Состојбата не е толку алармантна, не затоа што станавме свесни за тоа, но..

Дали таквата состојба е алармантна? И е, и не е. Не е затоа што станавме свесни за тоа. Сигурно постојат начини со кои би можеле сега да ја поправиме состојбата, a идниот развој на осознанија ќе донесе и некои сосема нови решенија. Но и е алармантна затоа штостанува јасно дека со продолжение на се што се случува и така наречените негативни екстерналии само ќе влошуваат. На нив никој не сметал, но и со време ќе доведуваат до се поголеми проблеми. Со тоа, друго станиште за станарите не постои бидејки ти можат да живеат само во таа зграда.
Прашање на одржливоста е, значи, во тоа што на станарите би им било најпаметно да сторат? Би било добро да овозможат живот на стотини идни генерации станари во таа иста зграда бидејки од нејзе никој не може да излезе. Живот на голем број луѓе во свемирот изгледа убаво на филмовите, но за сега е сосема реален.
Станарите, на пример, би можеле да заклучат дека слободниот пазар во сите оние станови кој го имаа, секогаш им помагал. Ако продолжат да го промовираат развојот на слободниот пазар во сите станови во зградата, можеби тогаш многу проблеми со време би се решили сами од себе. Значи, сите тие ненадејни проблеми, наречени негативни екстерналии- нпр., раст на температурата во зградата, нејзината пореметена статика, изумирање на други врсти, неочистени води- би можеле да се вклучат во сите цени. Влијание на секој нов производ на тие, така наречени, негативни екстерналии, би се пресметувале во неговата цена, па со време би било се во ред. Тоа е пристап за решавање на одржувањето со пат на политичката економија.

Кои се целите за одржлив развој?

Исто така, станарите може да повикаат на некој вид куќен совет и да им наредат на научниците да стават сензори и камери низ целата зграда, да ги бројат животните внимателно, да го анализираат составот на водата и да ја проверуваат состојбата на зградата. При овој пристап, сите би разислувале за својата зграда т.е за планетата Земја како голем вселенски брод кој почнал да се загрева, така што сега се потребни техничари – или научници – за да го сервисираат. Експертите за природни науки би можеле да соберат и анализираат податоци, да направат проекции, да предложат конкретни планови и мерки за обратен развој на непосакуваните трендови. Со ова би ги дефинирале „Целите на одржлив развој“.

Овие цели потоа треба да бидат вклучени во политиките внатре во становите со специфични закони засновани на научни истражувања. Во исто време, замисливо е дека во некои случаи препораките на овој куќен совет може да бидат против логиката заслободниот пазар, а понекогаш и против интересите на некои станови, но во интерес на целата зграда. Тоа значи ако сите станари кои сè уште не ги реновирале своите станови, ги реновираат како и оние кои веќе ги реновирале, прилично е сигурно дека ќе продолжат непожелните трендови. Во ѕидовите на ќе има се повеќе пукнатини, температурата ќе продолжи да расте, водата ќе стане уште позагадена, а животни ќе има се помалку и помалку.

Кој треба воопшто да го реши проблемот во кој се најдовме?

Од оваа аналогија со голема зграда, треба да се разбере важно прашање: треба ли да го разгледаме прашањето за климатските промени и загадувањето на животната средина, како нешто што ќе го реши политичката економија, т.е. општествени науки? Или можеби треба да ја разбереме целата Земја како наш „вселенски брод“ кој има потреба од сервис кој ќе биде осмислен од климатолози, океанолози, биолози за конзервација и математичари? Дали можеби се потребни и двата пристапи и нивна координација? Поточно, тенкиот слој на атмосферата над заладената површина на Земјата е нашата „зграда“. Тоа е единственото место во познатиот универзум каде луѓето можат да живеат. Ако го направиме неповолно за животот, нема каде да одиме.

Затоа, Обединетите нации во 2015 година, по истекот на таканаречениот рок на за постигнување на тн. „Милениумски развојни цели“, дефинираа нови „Цели за одржлив развој“. Тие сега се ‘рбет на многу политики во поголем број земји низ целиот свет и за нив ќе се дискутира во следниот дел.

Индекс.