Претходно овој месец, Јaхја Караја, Палестинец – бездомник, кој живеше во градот Газа, се самозапали во близина на преполн јавен парк во очигледно разорачување за лошите услови за живот. Јахја почина од неговите рани, на своите 26 години.
Јахја се соочи со многу тешкотии. Татко му почина кога беше многу млад, а неговата мајка подоцна се пресели во Јордан за да се омажи за друг маж – оставајќи ги зад себе Јахја и неговиот брат. Не можејќи да си дозволат високо образование или да најдат повеќе од повремена работа што не беше доволна за живеење, Јахја и неговиот брат завршија како бездомници. Тие спиеја на јавни места, па и на гробишта. Но, тој не се откажа од животот лесно. Тој отиде во домот на водачот на Хамас за да побара помош. Чуварите на лидерот го одвратиле, велејќи: „Исмаил Ханије не е одговорен“. Јахја исто така отидол во испразнетиот дом во Газа на палестинскиот претседател Махмуд Абас, но таму чуварот го оддалечил од портите. Тој, исто така, контактиралсо невладините организации, но намалувањето на финансиите ја отежнаа помошта. Наместо тоа, тој направи рачно напишан знак и одеше по улиците на Газа, барајќи помош. Тој се обидуваше. Но, тешко.

Има многу страни што се виновни за Јахја: израелската влада, за наметнување сурови, произволни санкции врз целото население на Појасот Газа; раководството на Хамас од Газа, за сопствено угнетување и корупција; палестинската власт во Западниот Брег, која се одмазди против сите жители на Газа, бидејќи го навредува Хамас; неговото пошироко семејство, кое – во нашата култура – треба да се сгрижи за Јахја; и неговата мајка, која ги напуштила него и неговиот брат.
Трагедијата на Јахја не завршува тука. Неговото тело беше оставено во болничката мртовечница четири часа (долго време, со оглед на фактот дека исламската традиција бара итно џеназе) пред некој да може да го земе за погреб. Неговиот брат Абуд ги немаше потребните 220 долари за џеназето до подоцна. Абуд беше принуден на улиците во Газа да ги прими луѓето кои сакаа да изразат сочуство, бидејќи тој нема дом.
Во последното познато видео на Јахја, снимено додека бил хоспитализира во одделот за интензивна нега, силниот врзан млад човек го прашува на со макотрпно дишење: „Добро утро! Како си? Се надевам дека си добро. Сакам да ти кажам дека не се запалив. Јас не се обидов да се самоубијам. Само експлодирав. Моли се за мене.”
Додека растев во Газа, никогаш не го слушнав зборот „самоубиство“. Првиот пат кога бев изложен на концептот беше кога имав 15 години и го видов чинот прикажан во холивудските филмови. И беше прикажано во комбинација со неискажена љубов, како во Ромео и Јулија, ненадејна траума. Во контекст на Холивуд, самоубиството може да изгледа романтично – особено кога се вклучени славни личности, вели Анна Џнена.
Но, во едно конзервативно општество како Газа, поврзана со културни, социјални и религиозни норми и очекувања, самоубиството е едно од најголемите табуа. Во исламот е забрането, а во Газа семејствата на лицето кое се самоубие трпи масовна социјална стигма и засрамување. Блискиот исток има најниска стапка на самоубиства во светот, и покрај зачестеноста на насилни конфликти, угнетувачки влади и сеопфатна сиромаштија. Во исто време, Палестина има најголема стапка на самоубиства во регионот. Врз основа на приказните што ги слушам, актите на самосоголување исто така се чини дека се во пораст. Минатата година 22-годишен државен службеник и татко на две малолетни деца преживеаја откако се запали додека ја пцуеше палестинската влада.
Приказната на Јахја е вистински одраз на тоа каде се наоѓа Газа денес: дехуманизирана, нехумана, маргинализирана, уморна, несигурна – обидувајќи се и обидувајќи се, но не без резултат, без успех. Стапката на невработеност кај младите е над 70 проценти, а 90 проценти од домаќинствата живеат во сиромаштија. Овие статистички податоци беа многу лични за Јахја, што се надополнува со недостаток на семејна поддршка. Можам само да претпоставам за тоа што го доведе до тој живот да си го одземе животот, но знам дека тој беше личност чиј живот бил обликуван и измамен од војната, мизеријата и болката.
По деновите откако ја научив приказната на Јахја, мојата тага ме водеше до искривени мисли. Понекогаш размислував дали е најдобро ако Израел детонираше една од нуклеарните ракети за кои сите знаеме дека треба да не ослободи нас Газанците. Честопати слушам дека луѓето велат дека сакаат друга војна за да можат да умрат на тој начин. Смртта од воен оган е поблагородна отколку самоубиството, така што нивното размислување е точно. Барем умираат во војна и ќе бидат почестени како „херои“ или „маченици“, ослободувајќи ги своите семејнства.
Вчера бев поканета да зборувам како Палестинка во презвитеријанската црква во предградие близу Вашингтон. Обично избегнувам настани како овие. Ние Палестинците сме како желки; ја носиме тежината на нашиот дом каде и да одиме. Ме потсетува премногу болно за јазот помеѓу релативната удобност на живеење во Соединетите држави и суровата реалност на Газа – каде што моето семејство сè уште живее. Потсетниците ме прават да се чувствувам себично и виновно што сум тука. Така, јас барам да се дистанцирам од Газа и неговите спомени.
Сепак, ја прифатив поканата и се обидов да зборувам за тоа што е позитивно за Газа. Некои од присутните споделија колку беа „трауматизирани“ по посетата на Палестина и го ценеа мојот напор да споделам што е убаво, отколку што е болно за Газа. На крајот од мојата презентација, пасторот запали свеќа и ги покани сите други да го сторат истото, посветувајќи го на сеќавање или желба за мир. Сакав да запалам и јас свеќа, но не. Не бев сигурна дали би било соодветно бидејќи не сум христијанка.
Мондовајс.
Mahir Demishoski








