Група која протестира поради исчезнувањето на 43 студенти во Мексико во 2014 година, денеска за време на демонстрации ги скрши вратите на претседателската палата во земјата, пренесе „Ројтерс“.
Тие ја скршиле вратата со бел пикап додека претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, говорел на прес-конференција во палатата.

Полицијата употребила солзавец за да ја растера групата и подигна бариери внатре во палатата за да ги спречи демонстрантите да влезат во зградата.

Медиумите јавуваат дека не се знае дали се уште има демонстранти внатре во палатата.

Лопез Обрадор рече дека нема да ги сузбие протестите и дека владата ќе продолжи да го истражува случајот со исчезнувањето на студентите.

(Vijesti.ba)