ЊУЈОРК (АА) – Јапонскиот производител на автомобили „Nissan Motor Co.“ поради дефект на кочниците од пазарот во Соединетите Американски Држави (САД) повлекува речиси 450.000 возила, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Јапонската новинска агенција „Кјодо“ јавува дека одлуката за повлекувањето на возилата од американскиот пазар следува откако е откриено дека хидрауликата на системот за кочење може да предизвика пожар во возилото.

Од пазарот ќе бидат повлечени скоро 450.000 модели на Мурано и Максима седан, кои се произведени во изминатите четири години.

„Нисан“ во септември повлече 1,2 милиони возила од пазарот во САД, Канада, Јужна Кореја и Израел. Тогаш проблемот беше камерата која му помага на возачот при возење наназад.

Mahir Demishoski