Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби 30 дневен притвор во Истражниот затвор во Шутка, но сепак ќе и биде дозволено да присуствува на погребот на нејзината мајка утре во Гевгелија.
Јанева денеска беше приведена и спроведена во Кривичниот суд, каде што попладнево и се слоши, па интервенираше екипа на Брзата помош.
Таа вчера беше на неколкучасовен распит во Обвинителството за организиран криминал во врска со случајот „Рекет“.
Јанева има право на жалба за определена мерка притвор во следните два дена пред Кривичниот совет.
Обвинителката Вилма Русковска вечерва на прес конференција пред Кривичниот суд изјави дека нема други осомничени во случајот „Рекет“, меѓутоа одби да одговори на некои од новинарските прашања, велејќи дека навлегуваат премногу во истрагата.
Нагласи дека истрагата е се уште отворена и додаде дека постои судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во „Империја“. Додаде дека на нејзино барање треба да се земе обврската Павлески да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.
Таа потврди дека биле форматирани неколку компјутери кои биле користени од стручните соработници на СЈО, но рече дека ниту еден од компјутерите на обвинителите не бил форматиран.
Извор:НоваТВ









