До моите 20-години, ме будеа езаните на нашите имами и црквените звона на соседните цркви. Иако живеевме во времето на комунизмот, тоа никому не му пречеше. Езаните и Звоната беа дел од нашата секојдневна рутина и ориентации за почеток на еден нов ден. Не само за верниците, туку и за атеистите. Кој сакаше да ги слушне, ќе ги слушнеше. Кој не сакаше дури и не ги забележуваше. Ја живеевме традицијата на сите три народи што сите ги почитуваа и користеа кога им требаше да започнат нов работен ден.
Во последниве години, станува се повеќе јасно дека некој свесно и објективно сака да ја уништи традицијата која нè поврзува и нè штити од деструктивен и радикален индивидуализам. Со уништување на оваа последна оаза која не обединува, целта е да се обезглави секаков вид неопходна солидарност меѓу луѓето. Не комунистичка или неолиберална, туку обична селска каде што таа сè уште живее.
Се појавуваат идеи за замолчување на езаните и камбаните, а на запад сакаат да одат понатаму и уште посмело. Укинувањето на сите верски симболи, вклучувајќи ги и оние кои не се, ама кои во даден момент ги врзуваа народите. Додека едни уништување го бараат отворено, другите тоа го прават прикриено и перфидно, повикувајќи се на прогресизам.
Пример е неодамна изгорената катедрала во Нотр-Дам де Париз. Денес никој не знае со сигурност што се случило и како катедралата се запалила, но постои сомнеж. Властите и медиумите во неколку часа знае сè. Како започнал пожарот, каде започнал и кога. Сите тие прифатија и вниманието го насочија кон оштетувањето и реставрацијата на катедралата, која е најдобрата и меѓу најстарите симболи на француската традиција.
Дека сè не е кристално јасно, зборува барањето на претседателскиот кандидат Николас Дупон-Ајгнан, кој побара темелна истрага, бидејќи излегува дека не е се толку јасно како што било претставено на почетокот.
Пожарот не катедралата не настанал на местото кое што го опишале. Ајктуелните работи веројатно не се причина за пожарот. Медиумите известуваат дека истражните органи пронашле опушоци на самото место и дека проверуваат ДНК, што е во конфликт со здравиот разум. Наоѓање неизгорени опушоци на местото каде што започнал огнот, еднакво е на пронаоѓање на пасош под Близначките кули во Њујорк. Се разбира, Николас Дупонт-Ајгнан бил прогласен за теоретичар за заговор само затоа што побарал темелна истрага и формирање парламентарна комисија која треба да ги испита сите факти.
За крај, го оставивме најдоброто. Медиумите велат дека речиси 1 милијарда евра се собрани за реконструкција на катедралата, која треба да биде “паметно” потрошена. Веќе постојат идеи дека новата катедрала мора да се модернизира бидејќи крстот од Нотр-Дам де Париз повеќе не е во согласност со секуларната држава. Слични предлози дал и претседателот Макрон. Сите сакаат катедралата да стане модерно место како Дизниленд. Сјајно и бездушно.
Ако е така, модернизирајте ги пирамидите во Египет, Мачу Пикчу во Перу и зошто да не ставите нови керамички плочки низ целиот кинески ѕид. Сè што ќе изгледа модерно и, се разбира, профитабилно, бидејќи тоа денес, IN и MUST (модерно и задолжително).










