Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го потврди ветувањето дека Турција ќе добие полноправно членство во Европската Унија, и покрај напорите на оние кои сакаат да ја исклучат од европското семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција решително продолжува по својот пат, и покрај оние кои сакаат да ја исклучат од европското семејство“, изјави Ердоган на состанокот на реформската акциска група во главниот град Анкара.
Ердоган истакна дека Турција се бори да стане полноправна членка на ЕУ во последните 60 години, додавајќи дека земјата е решена да го добие членството.
„На ЕУ ѝ е потребна Турција повеќе отколку што на Турција ѝ е потребна ЕУ“, нагласи Ердоган.
Турција аплицираше за членство во ЕУ во 1987 година, а пристапните преговори започнаа во 2005 година.
Но преговорите се прекинаа во 2007 година поради противењето на администрацијата на кипарските Грци за поделениот остров Кипар, како и на опозицијата од Германија и Франција.











