Турција истакна дека го отфрлува соопштението на министерството за Европа и надворешни работи на Франција во кое се говори за активностите на Турција за дупчење во Источниот Медитеран во сопствениот континентален брег.
Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се вели следното: “Го отфрлуваме соопштението кое што беше објавено денеска од страна на министерството за Европа и министерството за надворешни работи на Франција и во кое се говори за активностите на нашата земја за дупчење во сопствениот континентален брег во Источниот Медитеран.”
Во соопштението се нагласува дека во тие рамки се на ист начин се валидни и од аспект на Франција соопштенијата за печатот на Министерството за надворешни работи број 124 со датум од 4 мај 2019 и број 128 со датум 6 мај 2019 година.
Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи објавено на 4 мај беше нагласено дека активностите на Турција за истражување јаглеводородни извори во Источниот Медитеран се реализираат согласно нејзините легитимни права кои што произлегуваат од меѓународното право.
Воедно и во писменото соопштение на Министерството објавено завчера на 6 мај беше истакнато дека ставот на американскиот државен секретаријат во врска со активностите на Турција за дупчење кои што ги реализира во сопствениот континентален брег, е откинат од вистините.
Во ова соопштение беше изнесена следната констатација: “Тоа што Соединетите Американски Држави (САД) упатуваат повик до Турција како да постои договор за валидно разграничување во однос на простор за кој што кипарските Грци тврдат дека им припаѓа ним, претставува приод кој што не е ниту конструктивен, ниту пак е во усогласеност со меѓународното право.”








