Шеесетдневен период за Иран да остане во нуклеарниот договор

0
140

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, истакна дека како одговор на санкциите на САД, доколку интересите на Иран во нуклеарниот договор не бидат заштитени, во рок од 60 дена ќе го зголемат нивото на обогатениот ураниум, пренесува Anadolu Agency (AA).

Иранскиот претседател Рохани, на годишнината од повлекувањето на САД од нуклеарниот договор, во изјавата за државната телевизија на Иран, на страните на нуклеарниот договор им даде 60 дена за да преземат мерки за заштита на интересите на Иран.

Рохани, укажувајќи дека во процесот по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор, другите страни на договорот не презеле чекори за да се заштитат придобивките на Иран, додаде: „Во рамките на нуклеарниот договор должни сме ураниумот да го збогатиме за 3,67 проценти, но ако по 60 дена не можеме да постигнеме заклучок со 5-те земји ќе ја прекинеме оваа обврска.“