По израелскиот напад врз зградата во која се наоѓа и канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency) во Газа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон генералниот директор на Anadolu Agency Шенол Казанџи.
Ердоган рече: „Остро го осудуваме нападот на Израел врз канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency) во Газа.
Потоа почнаа да пристигнуваат соопштенија и изјави со осуда против нападот и од страна на министри и голем број високи функционери на различни институции.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека бомбардирањето на зградата во која е сместена канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency) во Газа од страна на израелската армија е нов показател на агресијата на Израел.
Чавушоглу напомена дека насилството кое го врши Израел е злосторство против човештвото.
Тој во својата објава на социјалната мрежа Твитер напиша: „Бомбардирањето на зградата на Новинската агенција Анадолија АА е нов показател на агресијата на Израел. Насилството кое го врши Израел е злосторство против човештвото. Колку што Израел е одговорен за нападот, толку се одговорни и тие кои го охрабруваат Израел. И кога би останале сами во светот, до крај ќе бидеме во одбрана на палестинската кауза.“
Генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен исто така го осуди израелскиот напад врз зградата во која се наоѓа и канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency).
Ибрахим Ерен во својата објава на Твитер напиша: “Остро го осудувам нападот со ракети врз канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА во Газа, од страна на израелската армија која продолжува да врши злосторство против човештвото.









