Сообраќајка на магистралниот пат Битола-Ресен, повредени две лица од струшко

0
107

Во текот на вчерашниот ден, околу 12:30 часот, на крстосницата од магистралниот пат Битола-Ресен со регионален пат Макази-Маркова Нога, кај место викано Макази, се случила сообраќајна незгода во која се повредени неколку лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(62) од Битола, а сопатници биле Љ.М.(59) и едно лице на возраст од 16 години од Битола и патничко возило „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(25) од струшкото село Радолишта, а сопатници биле Г.М.(21), А.М.(39) и едно лице на возраст од 17 години сите од струшкото село Мислодежда. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Љ.М. и 17 годишната сопатничка, додека останатите лица се здобиле со телесни повреди. На сите им била укажана помош во Клиничката болница во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива/ohridpress