Јирки Катаинен побара од Варшава да даде значителен придонес за иднината на Европа.
Полска треба да престане да ја третира Европската унија како механизам за добивање на пари. Варшава треба да даде значителен финансиски придонес за заедницата, изјавил потпретседателот на Европската комисија, Јирки Катаинен.

Потпретседателот на ЕК ја нападна Полска: “Европската унија не е ваша крава молзница”

“ЕУ не е само машина за распределба на пари, крава што можете да ја молзете до бесконечност. Очекуваме значителен придонес за полската иднина на Европа “, им изјавил на новинарите Јирки Катаинен во Варшава.

Катаинен истакна дека “економскиот развој на Полска поради нејзиното членство во Европската унија беше извонреден” и дека земјата доби повеќе од 150 милијарди евра од фондовите на ЕУ.

Потпретседателот на Европската комисија смета дека Варшава заради конфликтот со ЕУ заради владеењето на правото се најде во блок во слаба положба. Во декември 2017 година, Европската комисија започна постапка за лишување на Полска на правото на глас во Советот на ЕУ. Постапката беше започната според член 7 од Договорот за ЕУ. На 3 април оваа година, Европската комисија ја информираше Варшава за започнувањето на новата постапка за наводите за непочитување на владеењето на правото и судските реформи.

Теоретски, ова би можело да доведе до тоа Полска да го загуби своето право на глас во ЕУ. Во исто време, Катаинен призна дека Варшава се уште не одговорила на заканата и предупредувањата.

Покрај тоа, Јирки Катаинен истакна дека Полска е подготвена да се приклучи на еврозоната, но земјата сака да усвои единствена валута само кога нејзината економија нема многу да заостанува зад Германската.

Потсетуваме дека конфликтот меѓу Брисел и Варшава ескалираше истовремено со тензиите меѓу Брисел и Вашингтон и владите на Германија и САД. Иако ги брани своите национални интереси и легитимни права, Полска застана на страната на САД во сите овие конфликти, со што го доведува во прашање кредибилитетот на тврдењето на полската влада дека тоа се прави за доброто на полскиот народ и државата.