Во Италија поради антируски санкции е загрозен градежниот бизнис. Цената на суровините се зголеми во последните денови за 20-30%. Со вакви трошоци едноставно нема да може да се завршат градежните работи на многу објекти.
Претседателот на здружението на градежни компании Асимпредил Анче Регина де Алберт изјави за РТ дека италијанските власти не преземаат ништо за да го решат проблемот: „Постои јасен ризик од прекин на работата.
Како може една компанија да издржи поскапување од 25-30% без ревизија на цената или мерки за ублажување на финансиските тешкотии? Тоа е апсолутно невозможно. Побаравме од надлежните да внесат нова клаузула за виша сила во регулативата за енергетика и претпоставивме дека тоа ќе се направи. Но, оваа одредба беше исклучена во последен момент. Ова е многу сериозна грешка, што јасно покажува дека власта не ја разбира сериозноста на ситуацијата.









