Во текот на филмската недела која започна на 23 април беа прикажани филмовите: „Каос“, „Ајдеде – патување кон месечината“, „Хуркуш – херојот на небото“, „Халеф“и „Сите блаженства се возможни“.

(Дубаи – Портал) – Со концертот на Симфонискиот оркестар на Универзитетот на Тракја, во Скопје заврши Неделата на турскиот филм и филмската работилница Турција – Северна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Неделата на филмот и филмската работилница беше организирана од страна на Фондацијата Енсар, со поддршка на Министерството за култура на Турција. На затворањањето организирано во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), учествуваа претставници на турските организации и институции во земјата, академици и студенти.

Координаторот на филмската работилница меѓу Северна Македонија и Турција, Мурат Туфан, во неговиот говор рече дека во настанот кој траеше 4 дена, беа прикажани 8 филма, од кои 2 се документарци.

Освен филмовите, со учество на личности кои работат во областа на кинематографијата од Турција и Северна Македонија беше организирана и Кинематографска работилница, а Туфан рече дека поминале вредна недела.

Главниот директор на турската Фондацијата Енсар, Хусеин Кадер, им се заблагодари на сите тие кои дадоа свој придонес.

„(Северна) Македонија е како наш дом. Кога доаѓаме тука, кога ги гледаме овие места, се чуствуваме како во нашите домови. Затоа што тука ги делиме истите чуства и мислења со вас. Со историјата и локацијата, со архитектонските карактеристики е исто како да сме во Кастамону, Амасја, Сафранболу, Бурса”, рече Кадер.

По завршувањето на говорите, беа доделениаблагодарници за тие кои придонесоа за настанот. Настанот заврши со контертот на Симфонискиот оркестар на Универзитетот на Тракја, каде беа исведени познати дела како што е музиката на познатиот сериски филм “Game of Thrones”.

Во текот на филмската недела која започна на 23 април, во кино Милениум во Скопје, во ИБУ и во комплексот на Меѓународното училиште „Маариф” во Тетево беа прикажани филмовите: „Каос“, „Ајдеде – патување кон месечината“, „Хуркуш – херојот на небото“, „Халеф“и „Сите блаженства се возможни“.

Љубителите на филмот имаа можност да ги следат и документарните филмови „Ѓобеклитепе“ од авторот Огуз Макал и „Тамбурица“ од авторот Сали Салији.

Mahir Demişoski