Оваа одлука беше напишана во соопштението издадено по меѓународниот состанок за Сирија во форматот од Астана во Нур-Султан, неодамна преименуваниот казахстански главен град.
(Дубаи – Портал) – Турција, Русија и Иран денес, на дводневниот состанок за Сирија во Казахстан, ја осудија одлуката на САД за признавање на израелскиот суверенитет врз окупираната Голанска Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа одлука беше напишана во соопштението издадено по меѓународниот состанок за Сирија во форматот од Астана во Нур-Султан, неодамна преименуваниот казахстански главен град.
Трите земји гаранти на процесот во Астана за мир во Сирија повторно ја потврдија нивната силна посветеност кон суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сириската Арапска Република и целите и принципите на Повелбата на ОН.
На 25 март, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша претседателски проглас, официјално признавајќи ги висорамнините на границата со Сирија како територија на Израел.
Израел од 1967 година ја држи под окупација Голанската Висорамнина која е територија на Сирија.
Во 1981 година Израел официјално ја анектираше територијата во еден потег, едногласно отфрлен во тоа време од Советот за безбедност на ОН.
Земјите гаранти нагласија дека принципите на ОН треба да бидат универзално почитувани и не треба да бидат поткопани од какви било акции и без разлиика од кој и да се преземени.
„Во овој поглед, тие остро ја осудија одлуката на американската администрација да го признае суверенитетот на Израел врз окупираната Голанска Висорамнина, што претставува сериозно нарушување на меѓународното право, особено на Резолуцијата 497 на Советот за безбедност на ОН и се заканува на мирот и безбедноста на Блискиот Исток“, пишува во соопштението.
Процесот во Астана беше успешен во започнувањето на прекинот на огнот во Сирија и доведе до создавање на зони на деескалација.
Mahir Demişoski









