(Дубаи – Портал) – Кои се фунцкинери ќе бидат опфатени со најавената операција „Метла“ ќе се знае по изборите, најави денеска премиерот Заев.

Промена на раководни кадри, но и реконструкција на Влада, најавува премиерот Зоран Заев во рамките на неговата операција „Метла“ која што планира да ја спроведе по изборите. Вели анализите на изборните резултати од првиот круг од гласањето за шеф на државата покажале дека граѓаните се незадоволни од функционерите кои се оддалечиле од народот, а некои не ги реализирање зададените задачи.

Дел од владините функционери веќе се препознале во најавата на премиерот, па веднаш сами се понудиле за оставка, а некои ветиле поголем ангажман доколку Заев одлучи да ги задржи. Премиерот најавува тим којшто ќе спроведе длабинска анализа и ќе „пресече“ кој ќе си замине од фотелјата по 5-ти мај.

ДУИ задоволни од перформанските на нивниот кадар. Вицепремиерот Бујар Османи вели претседателот Али Ахмети ќе го има последниот збор дали и кој од функционерите од редовите на Интегративците ќе биде сменет.

Заев истакнува, пораката од граѓаните за нивното незадоволство е примена. Очекува ова да резултира со поголема излезност во вториот круг и успешен избор на нов претседател на државата.Тој исто така вели дека,  не очекува опозицијата да ги бојкотира изборите, а гарантира дека ниту власта ќе прави таков обид.

Mahir Demişoski