Вежбата „Мустафа Кемал Ататурк 2019“ насловена по основачот на Турската Република, има за цел да ја подобри координацијата меѓу двете вооружени сили.
(Дубаи – Портал) – Анкара и Баку ќе одржат заедничка воена вежба од 1 до 3 мај, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Турските војници кои ќе учествуваат во вежбата пристигнаа во Азербејџан“, се додава во соопштението на Министерството.
Вежбата „Мустафа Кемал Ататурк 2019“ насловена по основачот на Турската Република, има за цел да ја подобри координацијата меѓу двете вооружени сили.
Заедничката вежба ќе вклучува воени единици, како и оклопни возила, артилериски батерии, минофрлачи, авиони и хеликоптери, како и системи за противвоздушна одбрана.
Mahir Demişoski








