Бројот на упадите е зголемен поради еврејскиот празник Пасха, кој започна да се одбележува минатиот петок и ќе трае до 27 април.

(Дубаи – Портал) – Повеќе од 200 радикални Евреи, во придружба на полицијата влегоа во комплексот „Ал Акса“, во окупираниот Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Управата за вакафи на Ерусалим е соопштено дека 237 радикални Евреи влегле во „Ал Акса“.

Бројот на упадите е зголемен поради еврејскиот празник Пасха, кој започна да се одбележува минатиот петок и ќе трае до 27 април. И вчера група радикални Евреи, меѓу кои беше и израелскиот министер за земјоделство, Ури Ариел, во придружба на полицијата, влегоа во комплексот „Ал Акса“.

Радикалните Евреи, во придружба на полицијата повремено во утринските и попладневните часови влегуваат во предворието на „Ал Акса“, што доведува до зголемување на тензиите меѓу Палестинците и припадниците на безбедносните сили на Израел.

Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим, кој е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.

По „Месџид ел Харам“ во Мека и Џамијата на пратеникот во Медина, „Ал Акса“ е трето најважно место за муслиманите.

Mahir Demişoski