Ердоган: „Нападот врз опозицискиот лидер е непожелен акт на насилство“

0
106

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека нападот врз опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу ќе биде испитан темелно, јавува Anadolu Agency (AA).

Шест лица, од кои едно е идентификувано како Осман Саригун, вчера го нападнаа Кемал Киличдароглу, лидерот на Републиканската народна партија (CHP), додека присуствуваше на погреб на еден турски војник.

Опишувајќи го ваквиот физички напад како непријатен акт на насилство, Ердоган изјави дека нема да дозволи никој да ја нарушува мирната клима во Турција.

„За жал, некои непријатни инциденти се случија вчера за време на погребот на еден од нашите војници во подрачјето Чубук, и протестите против лидерот на ЏХП се претворија во акт на насилство“, истакна тој преку социјалната мрежа Твитер.

„Инцидентот ќе биде испитан темелно на сите нивоа. Никогаш не одобруваме насилство“, додаде турскиот претседател.

По нападот, Киличдароглу беше однесен во куќа во близината, додека да пристигне оклопно возило на безбедносните сили за да го земе.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (AK Parti), Омер Челик, на социјалната мрежа Твитер напиша: „АК Партијата е против сите видови на насилство. Нашите принципи строго отфрлаат насилство. Не постои место за насилство во демократските политики“.

„Саригун претходно во текот на денот беше уапсен во подрачјето на Сиврихисар“, беше соопштено од Канцеларијата на обвинителот.

Пет други лица се наоѓаат во Жандармериската команда во Чубук, во Анкара, на испрашување.