Полициски час во Шри Ланка, војската доби воени овластувања

0
122

Претседателот на Шри Ланка Мајтипала Сисирена денес на војската и дал широки овластувања да апси и приведува осомничени после низата напади на Велигден.

Најнов биланс на масакрот, загинати 290, повредени 500 лица.
Соопштено е дека таа мерка ќе стапи на сила на полноќ, а и тоа дека исто така е воведен и полициски час кој ќе започнува во осум навечер.

 

Вооружени војници и полицајци денес стоеле пред сите раскрсници во центарот на градот Коломба.

Улиците воглавном биле празни, а продавниците затворени.

Одредбите според кои на војската и се дадени полициски овластувања беа укинати кон крајот на граѓанската војна во Шри Ланка во 2009 година.