Повеќе од 30.000 луѓе се раселени заради борбите во главниот град на Либија, Триполи, кои траат од почетокот на месецот, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Во неделата, агенцијата на Обединетите нации објави на Твитер дека најмалку 227 лица загинале, а повеќе од 1.125 биле ранети во конфликтот.
Борбата што се заканува да започне широкораспространета конфронтација во Либија започна откако парамилитарната либиска национална армија – ЛНА на Калифа Хафтар им нареди на своите војници на 4 април да ја преземат контролата врз Триполи од ривалската влада поддржана од ОН.
Од тогаш, двете страни се борат.
Во неделата, силни експлозии можеле да се слушнат низ главниот град, за кои се верува дека бомби биле исфрлени од воздух. Нема информации за мртви.
Поради конфликтот, аеродромот Митига бил затворен, кој беше отворен неколку часа подоцна, објавија воздухопловните власти.
Митига се наоѓа на исток од Триполи и остана единствен функционален аеродром откако главниот аеродром во Триполи беше уништен во 2014 година.
Офанзивата на Хафтар за градот се случува откако неговата војска во изминатиот месец го освои со нафта богатиот југозапад на Либија.
75-годишниот генерал ја прогласи својата кампања “војна против тероризмот” и ги отфрли повиците за запирање на нападите.
Неговата ЛНА е лоцирана во источниот град Бенгази, местото од кое започна бунтот против Моамер Гадафи во 2011 година.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










