Турција остро го осуди состанокот на францускиот претседател Емануел Макрон со делегацијата на таканаречените СДФ, предводени од сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го осудуваме состанокот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, на кој ја примил таканаречената делегација на Сириските демократски сили (СДФ), кои ги предводи ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК“, наведе во соопштението Хами Аксој, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција.
„Овој обид да се даде вештачки легитимитет на огранокот на терористичката организација е погрешен чекор кој е неспојлив со односите кои ги имаат сојузниците“, се додава во соопштението.
Аксој нагласи дека е многу важно да се спречи каков било обид кој би можел да ги загрози политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија.
Истакна, исто така, дека Турција порача дека нема да се двоуми да ги преземе неопходните мерки за да ја сочува својата национална безбедност.









