Израелскиот вселенски брод „Берешит“ не успеа да слета на Месечината. Роботот се урна, соопшти тимот, кој ја следи мисијата.
(Дубаи – Портал) – „Берешит“ требаше да го направи првото слетување на Месечината од страна на приватна компанија. Досега тоа им успеа само на државните мисии на САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.
Според тимот, „Берешит“ имал низа технички проблеми во завршната фаза од мисијата.
Инаку, израелската мисија изнесуваше 100 милиони долари.
Mahir Demişoski









