(Дубаи – Портал) – Натписот на пасошот на Велика Британија е веќе тргнат, а лицето кое го слика и стави на социјалните мрежи изјави дека, е зачуден поради одстранувањето на натписот.
“Изненаден сум – ние сме се уште членка на ЕУ. Изненаден сум поради промената на пасошот, кога сеуште не сме ја напуштиле Европската Унија, според мене, тоа е опиплива ознака за нешто за кое верувам дека е сосема залудно “, изјави Сузан Хиндл Барон за британската Асоцијација за новинари.
“Што добиваме од излез од Европската Унија? Многу работи ќе ги изгубиме, надополни тој.
Поранешниот лидер на УКИП, Најџел Фараџ претходно ја опиша идејата како негова идеја за “Брексмас”.
Додека пак, Министерството за внатрешни работи на Велика Британија соопшти дека за да ја искористи “најдобрата вредност на даночниот обврзник, пасошите со зборовите” Европската унија “ќе продолжат да се издаваат за краток период”.
Велика Британија се очекува да ја напушти ЕУ на 29-ти март.
Премиерката Тереза Мај побара две продолжувања, од кои едното е веќе одобрено, а другото барање за продолжување на членот 50, до 30 јуни, е сеуште во исчекување.
Mahir Demişoski









