Во Македонија секоја година се фрла 700 илјади тони дрвна маса, која може да се користи за загревање

0
225

(Дубаи – Портал) Експертите предлагаат од прачките кои остануваат по резидбата на овоштарниците и лозјата како и од гранките од шумарството, да се произведуваат пелети за греење.

Земјава изобилува со алтернативни извори на енергија кои секоја година неповратно се губат, се палат или се уништуваат. Професорот Живко Давчев од факултетот за земјоделски науки и храна со својот тим по направените испитувања утврдиле дека годишно по резидбата во лозарството и во овоштарството остануваат 30 до 35 илјади тони гранки и прачки. Уште поголеми се бројките во пределите богати со шуми каде од гранките и индустрискиот отпад секоја година остануваат по околу 500 илјади тони на дрвна маса а се вкупно со другите остатоци во земјоделството се проценува дека секоја година имаме по 650 до 700 илјади тони суровина од која професорот предлага секој дома сам да си прави пелети за греење.

Овие прачки од резидбата како и гранките од шумарството во 90% од случаите се горат бидејќи сметаат во нивите. Денес постојат мали преносливи машини за сецкање на гранките која смеса веднаш оди во машината каде се прават пелети. Овие машини имаат капацитет од 100 килограми сецкана маса на час, или едно домаќинство за една недела може да се обезбеди со пелети од гранките од резидбата за цело зимо.

Според професор Давчев потребно е државата да направи акциски план и да се поттикнат земјоделците здружено да набават вакви машини по една за секое село и да се греат од алтернативни извори на енергија

Во земјава од пред некоја година започна масовното стимулирање за набавка на печки на пелети како мерка против загадувањето но сепак најголем дел од пелетите се од увоз додека суровина неискористена ја гориме по лозјата и овоштарниците.

Mahir Demişoski