Референдум на југот на Филипините: Моро муслиманите ја прославуваат победата

0
496

Бројни Моро муслимани излегоа на улиците на Котабата за да ги прослават резултатите од референдумот откако мнозинството во градот гласаше за договор со кој се предвидува формирање на автономниот регион Бангсаморо, објави агенцијата Анадолу (АА).

Според официјалните податоци за градот Котабато, 36.682 граѓани гласале “за” и 24.994 “против”.

Откако Изборната комисија објави резултати за овој град, многу муслимани излегоа на улиците и го славеа, како што велат, историски резултат за нив.

Стотици луѓе формираа долг конвој и го кружеле низ Котабат, за кој многумина сметаат дека е клучен град на само одржаниот референдум.

Според неофицијални резултати, повеќето граѓани во другите градови гласаа “за” договор со кој се предвидува формирање на автономниот регион Бангсаморо.

Во јужниот дел на Филипините, во понеделникот се одржа историски референдум, на кој локалното население гласаше за договор со кој се предвидува формирање на автономниот регион Бангсаморо.

Речиси три милиони регистрирани гласачи денеска гласаа на референдум за потврдување на органскиот закон, кој исто така ќе биде највисок правен акт на идниот автономен регион Бангскаморо.

Референдумот се одржа со максимални безбедносни мерки, а со воспоставувањето на Бангсаморо ќе престане постоењето на Автономниот регион “Муслимански Минданао”.

Лидерот на Моро, Исламскиот ослободителен фронт (МИЛФ), Ал Хаџ Мурат Ебрахим, изрази надеж по гласањето дека народот ќе го поддржи новиот закон и поредок.

“Органскиот закон Бангсаморо е наш инструмент за мир и развој”, изјавил Ебрахим.

По децении на угнетување под американско и филипинско владеење, муслиманскиот народ на југот на Филипините го направи последниот чекор кон воспоставување на сопствена администрација која ќе остане на Филипините, но со значително висок степен на автономија.

Во средината на минатата година, филипинскиот претседател Родриго Дутерте го одобри органскиот законо на Бангсаморо, кој претходно на основа постигнат мировен договор беше усвоено од страна на Филипинскиот парламент.