Венецуала: Спречен обид за државен удар од страна на група војници

0
208

Вчера во Венецуела дошло до бунт на група војници кој се обиде да се прикаже како “воен удар”.
Венецуелскиот лидер Диосдадо Кабело потврди дека уапсени се сите 27 војници кои вчера се побуниле против владата.

“25 лица биле уапсени на самото место, плус две лица на друга локација, меѓутоа бројот на уапсените би можел да се зголеми”, изјавил Диосдадо Кабело, кој ја извршува должноста на Националното уставно собрание.

Во понеделникот во утринските часову, групата Боливарска национална гарда (ГНБ) ја нападнала воена станица во Петареу на исток од земјата, украла оружје, а потоа се забарикадррала во касарна во областа Котиз северно од Каракас, каде што биле уапсени, пренесува штабот на Боливарските национални вооружени (FANB).

Откако специјалните сили успеале да го задушат бунтот, дополнителни воени сили и бригада на Боливарската национална полиција била распоредени во близина на наведениот воен објект.

Министерот за одбрана на Венецуела во понеделникот објави дека “мала група инфилтрирани напаѓачи во седиштето на градскиот безбедносен одред сместен во Петареу, општина Сукре, од таму украле оружје и под закана со смрт киднапирале двајца офицери и двајца војници на мала единица што го чувале објектот”.

“За време на апсењето, вратено е украденото оружје, а притворените во моментов даваат информации од интерес за разузнавачките агенции и за воениот судски систем. Вие ќе бидете строго казнети во рамките на военото право “, рекол венецуелскиот министер за одбрана, Владимир Падрино.

Еден од офицерите, кој прво се представил како наредник Валдрен Фигероа, се појавил во неколку видеа објавени од групата војници на социјални мрежи и го повикал народот на Венецуела да ја игнорираат владата на претседателот Николас Мадуро, кој го презеде новиот мандат на 10-ти јануари.

“Луѓе на Венецуела, овде сме затворени во одделот Сан Хозе де Котиз, јас сум наредник Валдрен Фигероа, тука сум со моите воини на Националната гарда кои нема да се предадат. Ве молам, излезете на улиците. Одете на протест, за да демоснтрирате “, вели тој на едно од овие видеа на Фигероа.

Друг човек на врвот на владата во Каракас подоцна изјави дека групата е предводена од лидерот на Боливарската национална гарда, Луис Александар Бандрес Фигероа, кој во видеоснимка на социјалните мрежи ги повика луѓето на Венецуела да “се повлечат на улиците”. Диосдадо Кабело изјавил дека пред предавање на властите, водникот до Луис Фигероа во касарната во Котиз добил повик од странство.

ВИДЕО – Предавање на групата на бунтовнички војници во касарната Котиз

Тој изјави дека безбедносните агенции сега собираат докази за тоа што се случило и ги испрашувале притворените лица.

Кабело потврди дека брзо задушениот бунт бил поврзан со Венецуелската десница, а целта била да се нанесе “болка и страдање” на земјата.

Во овој поглед, венецуелскиот претставник истакна дека по сузбивањето на овој напад во Венецуела не се евидентирани никакви последователни немири или обиди за непослушност и бунт во војската или полицијата.

Побуната се случила откако Хуан Гуаидо, претседател на националното собрание, чиј извршен комитет беше прогласен за неважечки во понеделникот, го прогласи на Мадуро за “диктатор” и вети дека ќе им даде “амнестија” на сите војници кои не ја признаа актуелната влада и кои ќе помогнат во обновувањето на уставниот поредок .

Од 92.000 припадници на Боливарската национална гарда и армијата на земјата, која брои над 300.000 активни војници, на повик на востание на водникот, Луис Александар Бандрес Фигероа се одзвале 30 негови војници.

Властите на Венецуела во повеќе наврати осудуваа обидите за државен удар против Николас Мадуро, подтикнувани од страна Вашингтон и сојузната влада во регионот, особено од Колумбија.

Американскиот заменик-претседател Мајк Пенс неодамна ја загарантира “континуираната поддршка на Вашингтон” на националното собрание и на Хуан Гуиду, кој рече дека е подготвен да ја преземе власта во земјата.

Потсетуваме, по референдумот во земјата, Националното уставно собрание се основа во 2017 година, кое според уставот на земјата има повеќе овластувања од Националното собрание во кое мнозинството има опозиција. Националното уставно собрание минатата година објави избори, на кои победи Николас Мадуро и оваа година почна да го извршува својот нов шестгодишен мандат. Во меѓународната заедница, Националното уставно собрание и на Мадуро не го признаваат за претседател, а исто така не го признаваат ниту САД, ЕУ и групата земји од Латинска Америка во групата Лима.

Ноќеска во делови на Кракас имало нереди и блокада на сообраќајниците а демонстрантите се жалат дека полицијата “користела прекумерна сила” за отстранување на патните барикади.

По неуспешниот немири, новиот бразилски претседател Јаир Болсонаро, изјави дека “Венецуела е во неволја, ама не од денес” и дека се надева во соседната земја наскоро ќе дојде до смена на валста.

ВИДЕО – Немири во еден од квартовите на Каракас по сузбивањето на бунтот на групата војници GNB

Извор:logicno.com