Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот ќе го посети Белград и се претпоставува дека со него ќе пристигне новата лимузина Аурус, со која рускиот претседател ќе вози низ српскиот главен град.
Според протоколот, автомобилот на претседателот понекогаш се испорачува со воз, а почесто, од безбедносни и оперативни причини, од товарен авион.
Како по правило, овие автомобили се испорачуваат порано со друг лет и го следат Путин за време на посетата во странство. Практично, овој автомобил секогаш е потребен ако станува збор за официјална посета на највисоко ниво.
“Аурус”, новиот автомобил на рускиот претседател, првпат беше претставен на јавноста на инаугурацијата на Владимир Путин минатата година, а потоа беше пренесен во странство истата година во главниот град на Финска, каде што рускиот лидер се состана со својот американски колега.
Техничките карактеристики најчесто се чуваат во тајност, но западните медиуми изјавија дека рускиот производствен автомобил изгледа екстремно импресивен и може да се нарече до одреден степен “идеолошко оружје на Кремљ”.
Некои новинари на “машината“ на Путин му го дале името “ѕвер”, наведувајќи дека ова е “вистински бункер на тркала”.
Експертите истакнуваат дека специјалниот “аурус” е еден од најзаштитемите и најбезбедните лимузини во светот. За време на изградбата на автомобилот се користело меѓународно искуство и применети биле напредни технологии.
Но, странските технологии не се копирани, туку со нив е креативно совладано и врз основа на тоа тие имаат развиено сопствени свои.
Името на брендот се состои од два збора: aurum, што значи “злато” и Рус како Русија. Во центарот на логото има штит, а во горниот дел има водилка.
Надворешниот автомобил наликува на советскиот ЗИС-110 од 1940-тите, кој беше направен за советското раководство.









