Грција: Партијата АНЕЛ на грчкиот министер за одбрана Панос Каменост ја напушта коалициската Влада

0
214

Грчкиот министер за одбрана и челникот на партијата Независни Грци (АНЕЛ), Панос Каменос, најави излегување од коалициската грчка Влада, јавува Anadolu Agency (AA).

Каменос утринава во Атина се состана со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а по завршувањето на состанокот, накусо се обрати на новинарите пред кабинетот на премиерот.

„Речиси четири години бевме во состав на Владата на национално единство и ја извлековме земјата од меморандум. На премиерот му реков дека нема да можеме да продолжиме поради спорот за називот на Македонија. Не можеме да останеме во Владата“, изјави Каменос.

Истакнувајќи дека на премиерот Ципрас му се заблагодарил за досегашната соработка, Каменос изјави дека ја напушта функцијата министер и ја повлекува партијата АНЕЛ од коалициската Влада.

Собранието на Република Македонија го усвои Грчко-македонскиот договор со кој ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија. Во наредниот период се очекува и грчкиот Парламент да гласа за Договорот кој минатата година го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, а со кој треба да се реши повеќедеценискиот билатерален спор.