Претседателот на Република Турција и претседател на Партијата на правдата и развојот (АК партија), Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека е многу важно да се заслужат гласовите на граѓаните на изборите, а не однапред да се мисли дека мора да ги добиеш, објави агенцијата Анадолу.
“Како што тоа и секогаш го зборував, народот не е обврзан и не мора да нас да ни го даде својот глас. Напротив, ние мораме да го заслужиме тој глас со нашиот став, со срдечен однос кон сите луѓе од сите сталежи, нашите проекти и услугите што ги нудиме”, истакнал Ердоган во своето обраќање на свеченоста во Анкара на која присуствувале кандидати од АК партија кои на предстојните локални избори во Турција на 31.март 2019 година ќе се натпреваруваат во трката за позициите градоначалници.
Тој повтори дека е најважно за сите граѓани да се обезбедат најдобри можни услуги, без оглед на тоа кој и бил на власт.
“Служењето на народот е служење на Бога“,изјавил Ердоган, додавајќи дека ова секогаш треба да се има на ум.
Тој, сепак, предупреди дека гордоста може да ги уништи луѓето кои активно се занимаваат со политиката.
“Охолоста и гордоста ги уништува луѓето во политикат. Ги унитува потценувањето на народот, како и ставањето на личните интереси над државните”, истакнал Ердоган.









