Хуманитарна фондација на Турција ИХХ достави хуманитарна помош за сириските бегалци сместени во камповите кои се на северниот дел од Сирија уништени од минатонеделните поплави, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Десетици илјади протерани сириски бегалци засолниште пронашле во камповите на сириско-турската граница, но биле оставени без покрив над главата за време на силните врнежи и поплави во текот на изминатата недела.
Хуманитарната организација ИХХ, која обезбеди нови шатори, душеѕи, ќебиња и зимска облека, стана првата организација која им помогна на ранливите сириски бегалци.
Координаторот на IHH во Сирија, Зеки Тахироглу, за АА изјавил дека на сириските цивили во камповите во северниот дел на Идлиб доставени им се 15 шлепери со помош кои се доволни за итна помош за 1200 семејства.
“Нашата цел е да им помогнеме на ранливите бегалци во регионите на Атма, Кераме и Сермада, во кои поплавите уништија 11 и оштетија 67 логори”, изјавул Тахироглу.











