Земјотрес на Аљаска, предупредување за Цунами

0
291

Големи земјотрес со јачина од седум степени по Рихтеровата скала, денеска го погодија јужниот дел на Аљаска, што ги доведе американски власти да издадат аларм за цунами, соопштија локалните власти на САД, додавајќи дека немало жртви или се случило поголема материјална штета, објави агенцијата Франс прес .

Земјотресот се случил околу 13 километри од Енкориџ на длабочина од 41 километри, соопшти американскиот геолошки институт (USGS).

Локалните медиуми пренесуваат дека земјотресот се почувствувал во градот, така што жителите пријавувале паѓање на предмети од полици и др.

Универзитетот во Енкориџ денес е затворен како и аеродром додека се утврди дали е причинета штета.

Аљаска често пати ја погодуваат земјотреси од различни јачини и една е од американските држави со најмногу регистрирани земјотреси.