Во Дијарбакир, град во Турција, две жени застанале и разговарале на улица кога одеднаш тротоарот под нив се срушил, а тие севршија под земја која притоа се отворила.
Набргу после неочекуваниот пад, на помош пристигнале минувачите,а целиот настан бил забележан на видео снимка која е објавена на социјалните мрежи.
И двете жени во оваа необична несреќа, што се случила во квартот Kayapinar, се повредени и со брза реакција на итната помош префрлени се во болница.
Станува збор за д-р Сузан Кудај Балик и медицинската сестра Озлем Дуимаз кои поминуавле во тој дел од градот откако излегле од Домот за здравје.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=FW3wyGJcHe4[/embedyt]











