Долго време, доларот се сметаше за непобедлива валута. Сё додека САД не започнаа трговска војна против сите земји против кои можеа. Покрај тоа, тука е и долгата листа на земји под санкции, ембарго и други форми на блокада.
Се разбира, Русија е вклучена во листата на оние кои се противат на Вашингтон, што не е изненадувачки. По неколку години навидум слаб отпор, Москва ова недела започна со опсежна дедоларизација на својата економија, која ќе се спроведува по внимателно планирани тактички шеми. Владимир Путин изјавил дека ова не значи целосно отфрлање на доларот како валута, но владата и министерот за финансии добија прецизни упатства како да се однесува.
На некои им се чини дека тоа биле само зборови, но Министерството за финансии донесе официјален план за дедоларизација на Руската економија. Овој документ предвидува контрамерки, вклучувајќи даночни олеснувања за компании кои се префрлаат на бизнис и тргуваат рубљи. Клучен дел од планот е и трговијата со земјите на БРИКС, Евро-Азиската економска унија во националните валути, со фокусот е трговијата со со рубљу ЕЕУ и трговијата со рубља и јуани со Кина и рубља-евро со земјите на Европската унија.
Овој план бил дискутиран на Светскиот економски форум во Владивосток во средината на септември, при што се собрале претставници од сите земји со кои Москва планира да започне обемна работа и трговија со избегнување на доларот.
Во тоа време генералниот директор на ВТБ Банка Андреј Костин изразил мислење дека е потребна забрзана транзиција кон пресметки во националната валута, а Владимир Путин му дал целосна поддршка.
Отсега, руската влада започнува со имплементација на овие мерки, иако сеопфатната имплементација на планот е закажана за 2024 година.
Од овој месец почнуваат да се применуваат даночни олеснувања и брзо враќање на ДДВ за извозните трансакции. Покрај тоа, се врши обид за воведување на сопствен финансиски систем, веќе тестиран, сличен на меѓународниот SWIFT систем. Се случуваат активни преговори за транзиција кон пресметките во националните валути со земјите на БРИКС, меѓу другото, неопходно и за наплата на петте S-400 системи што Индија ги купи од Русија, и покрај американските закани.
Како што рековме, треба да се забележи дека планот за дедолелизација не подразбира целосно напуштање на доларот. Граѓаните се уште ќе можат да ги задржат своите заштеди во странска валута.
Но дедоларизацијата постепено станува не само дел од рускиот план, туку и глобален тренд. Поточно, Европа бара нови можности за создавање свој систем за наплата, како што потврдија европските лидери во нивните изјави. Се разбира, исто така постои и Кина, која започна оваа година трговија во нафта со јуани. Се потрошило речиси 25 години откако Кина дојде на оваа идеја до нејзината реализација.
Јасно е дека САД се обидуваат да ги разбијат сите можни економски врски меѓу ривалските земји, но оваа агресивна политика е контрапродуктивна и ја поттикнува соработката меѓу земјите што се приближуваат кон создавање на најтешката антиамериканска коалиција против доларот.
Заради тоа големата идеја за дедоларизација не само што на Русија ќе и даде поголема маневар во глобалната економија, туку без сомневање ќе влијае и на економски систем.
Кина престанува да увезува енергенти од САД

Меѓу големите стратези секогаш постоеше верување дека пред напад врз некого, било тоа да е воен, економски или информативни, треба да се пресметаат сите можни последици и можност од одговор. Покрај тоа, борбата на два, три или повеќе фронта е неоспорна глупост ако имате пред себе си сили како Кина,Русиј и Турција ама и нивните сојузници.
Но, американските стратегии покажуваат дека не им е до логиката, здравиот разум и дека слабо се упатени во целокупната историја на војни меѓу народите.
Значи, со фронто со Русија, несогласувањата што го достигнаа нивото на конфронтација со Европската унија, арогантно однесување кон Турција, Индија, Пакистан и Саудиското кралство, каква и да биде, САД прогласија трговска војна против Кина.
Со изговор “што можете да ни направите нас, кои сменепобедливи”, тие воведоа царински давачки за кинескиот увоз.
Кинезите како одговор, одговорија со реципрочни мерки,ама започнаа и активно да ги отстрануваат американските производи од домашниот пазар. Имено, кинескиот извоз во САД е многу помал и да се удри врз ривало, реципрочните тарифи се мерка што Кина може да одговори на одреден временски период.
Точно е дека на САД за функационирање на економијата и финансирањето, најмногу му е урамнотежување на трговскиот биланс со Кина и ЕУ. Ама, како? САД треба да ги истераат странските производители од нивните пазари и да започнат со производство во своите раселени индустрии, што во моментов е многу дискутабилно.
Кинезите не се соочени со толку тешка задача. Тие немаат проблеми со трговската рамнотежа и имаат значителен вишок. Покрај тоа, лесно можам да ги заменам американските добавувачи со европски и руски, кои веќе започнаа активно да работат. На кого во ова ситуација му е тешко и лошо? Тоа е очигледно.
Ако кинезите својата супституција на увоз ја започнаа со сите видови махунарки, соја и специјални стоки, со што многу не ја погодија американската економија, иако земјоделците се жалеле и ги принудија Трамп да им исплати субвенции и штети во милијарди долари,после другиот бран на сакнции Пекинг сериозно свати Вашингтон.
Кина ги погоди стратешките насоки на САД – извозот на течен гас и нафта. Имено, Кина беше на трето место како увозник на течен гас од САД, веднаш по Мексико и Јужна Кореја. Во 2017 година, Кина купи 38 милиони тони течен гас, што е 46% повеќе од 2016 година.
Сега САД губат пристап до овој огромен пазар. Во првата половина од оваа година, додека Кси Џинпинг и Доналд Трамп сè уште преговараа и се чинеше дека трговскиот договор меѓу двете земји е на повидок, продажбата на увезениот течен гас во Кина скокна за 76%, а продажбата од сопствените фабрики падна за 11%.
Затоа, Кина во трговската војна не само што ќе му одговори на САД, туку одлучи да ја поддржи сопствената гасна индустрија.
Министерот за трговија на САД, Вилбур Рос, во пролетта изјави : “Кина мора многу да увезува, многу повеќе од нашиот ЛНГ, а за нив ќе биде исклучително логично да увезува повеќа гас од нас и да ги промениме нашите извори на снабдување. Тоа,исто така, ќе има дополнителен ефект за намалување на трговскиот дефицит меѓу САД и Кина “.
Сепак, ништо од тоа. Иако во март 2018 година, Кина купи 445.000 тони течен гас од САД, а во јули овој обем се зголеми за 130.000 тони, со влегувањето во сила на тарифите и објавувањето на воведувањето на нови во августот, Кина јасно изјави дека не сака да купува нови количества течен гас од САД.
Американските “експерти” тогаш сигурно тврдеа: “Се е во ред, сега овој ЛГН ќе им го продадеме на Европа”. Но, судејќи според фактот што Германија активно го промовира “Северниот тек”, ова сценарио е многу дискутабилно.
Со американската нафта ситуацијата е приближно иста. Кина го освои второто место во набавките од нафта од САД, веднаш по Канада, а третото и четвртото место беа Обединетото Кралство и Холандија.
Околу 20% од вкупниот извоз на нафта во САД одеше во Кина. Сега, уделот на американската сурова нафта во кинескиот увоз е само 3 отсто, изјавил Xie Chunlin, претседател на China Merchants Energy Shipping (CMES), кој додал дека нарачките на нафта во Кина целосно се прекинати.
Американците, се разбира, гордо изјавија дека “кинезите не беа тие кои одбија да ја купат американската нафта, туку тие престанале да и ја продаваат на Кина”.
Кина истовремено ги препродала своите претходни договори за идните испораки на американската нафта на трети земји. што директно ги побиваат изјавите на Американците.
Во исто време, Кина значително ги зголемила своите набавки на нафта од Западна Африка на 1,7 милиони барели на ден, а Блумберг изјави дека Кина никогаш не купи толку многу нафта од таа област од 2011 година.
За да сватите како сето ова е “неважно за САД”, треба да се цитира американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.
Во мај, министер Мнучин за Fox News изјави дека “трговската војна меѓу САД и Кина завршува и дека Кина се согласи да ја намали трговскиот неравнотежа со САД.
“Очекуваме дека Кина ќе го удвои купувањето на енергија од нас, мислам дека лесно ќе видиме како Кина купува 50 до 60 милијарди долари од нашите енергенти годишно во текот на следните 3 до 5 години”, изјавил Стефан Мнучин во мај.
Во светло на горе наведеното, “додека во Вашингтон сите се смееле”, американскиот државен секретар Мајк Помпео на 8 октомври итно и непланирано ќе замине за Пекинг, каде можеби верува да добие “безусловно предавање на Кси Џинпинг”.
Шлаг на тортата е и прашањето на “блокада на руски поморски гасоводи и извоз на руски енергенти”, што исто така може да се види во контекст на односите меѓу САД и Кина.
Тука е и воената ескалација. Имено, на 30 септември, кинескиот воен брод од тип 052C “Лујан” го “протерал” американскиот уништувач USS Decatur од спорните острови Спратли во Јужното Кинеско Море. Военото раководство на САД реагираше веднаш, заканувајќи се нешто заради “небезбедните и непрофесионалните акции на кинеската морнарица”.
ФОТО: Илустрација, кинеска морнарица
Се чини дека хегемон е скршен и сега е посебно мрзелив. Им се заканува на Русија, Кина,Турција, европските сојузници, Саудиското кралство. Буквално на сите. “Пријатели” и “непријатели”.
На крај, американскиот заменик-претседател Мајк Пенс ја обвини Кина дека се обидува да влијае на изборите во Конгресот во ноември 2018 година. Тој, исто така, додаде дека неговиот “висок американски разузнавачки службеник неодамна изјавил дека она што го прави Русија е бледа копија на она што Кина го прави ширум цела Америка”.
Поради растечката противречност меѓу САД и Кина, кои се повеќе се посветени меѓусебна борба, може да биде САД да имаат помалку можности и ресурси за да се справат со Русија и со остатокот на непријателите, иако тешко е да се очекува. Но, конфликтот со целиот свет само во две недели даде два важни одговори, а иранскиот се чека. Москва покрена активен план за дедоларизација, кој со помал интензите го правеше од 2014 година. Од друга страна, покрај реципрочната царинска и трговска војна, Кина го напушти увозот на снабдувањето со енергенти од САД.
За САД, војната против сите, без оглед на загубите, е “победничка стратегија”. А, штотуку сме на почеток, бидејќи планот на Министерството за финансии на Русија беше покренат пред неколку дена, токму во времето на прекинување и на нарачките за течен гас и нафта од Кина. Следните неколку месеци ќе поминат низ овој воздух и ескалации не тензичност, ама после тоа макроекономските индикатори од 2018 година ќе покажат кој е во право.









