ЛОНДОН: Со автомобил влетал во луѓе пред џамија, две лица повредени

0
307
Две лица се повредени откако маж со автомобил влетал во луѓе пред џамија во северен Лондон, се наведува во извештајот на Би-Би-Си.
Очевидци опишуваат дека возачот на автомобилот извикувал анти-исламски пароли за време на инцидентот што се случи кај исламскиот центар на Ал-Маис Ал Хусеин на Edgware Road.
Меѓутоа, полицијата во Лондон изјави во соопштението дека овој настан не го третира како поврзан со тероризмот.
Двете повредени лица биле префрлени во болница, а нивните повреди не биле опасни по живот.
Скотланд Јард објави дека иследниците сеуште ја “истражуваат причината за судирот”.
Портпаролката на џамијата Хусаини, која во џамијата организирала серија предавања, изјави:
“Шокирани сме од фактот дека се случил ваков напад врз нашата заедница. Горди сме што живееме во разновидно и толерантно општество и како такви не сме исплашени”, пренесува Index.hr