КАКО ЕВРОПСКИОТ КОЛОНИЈАЛИЗАМ УНИШТИ ДЕЛОВИ НА СВЕТОТ: Измама на Арапите и експлоатација на Блискиот Исток од страна на Британската Империја

0
433

Речиси секојдневно на телевизиски екрани и онлајн портали гледаме протести и терористички акции насочени од радикални групи на Блискиот Исток. Често актелните конфликти и војни на Блискиот Исток се јавуваат како конфликти на цивилизацијата: христијански и исламски. Ова е многу дискутабилна констатација, меѓутоа корените на актуелните проблеми произлегува од колонијалистите кои беа Европејци и Христијани и тие да не предизвикаа проблеми денешните конфликти во Појасот Газа, и во Ирак и Сирија ќе беа поразлични или воопшто немаше да ги има.

Во центарот на вниманието може да се смести британскиот колонијализам од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во втората половина на деветнаесеттиот век, Османлиското царство било наречено “болесник на Босфорот”, а бидејќи поседувало големи ресурси на богатото подрачје на Југоисточна Европа и Блискиот Исток, станал цел на европските колонијални сили, пред се во прв ред на Велика Британија и Франција. Во потрагата по нивните колонијални амбиции, Европејците избраа да ја користат етничката, религиозната и културната разновидност на Османлиската империја, а особено на Арапите. На Берлинскиот конгрес во 1878 година, британскиот премиер Бенјамин Дисраели ветил дека ќе ја поддржи обновата на османлиската контрола врз Балканскиот Полуостров, ако Турците му ја препуштат контрола над Кипар. Се разбира, ветувањето беше лажно. Во 1882 година, британците ја информирале османлиската влада дека ќе ги испратат своите војници во Египет за да го задушат востанието на воените офицери на бригадниот Ахмед Урабија. Новата националистичка влада во Египет започна со национализација на имоти и компании. Британците со својата интервенција ја презедоа контролата врз Египет и Суетскиот канал.

Во 1889 година, британскиот поет и љубител на империјализмот, Рудијард Киплинг, во своја истоимена песна напишал што е најголемо британско колонијално “бреме на белиот човек”. Според Киплинг, бремето била морална обврска на Англичаните да ги цивилизира ѕверските и дивите делови на светот. Киплинг напишал песна за потребите на годишнината на британската кралица Викторија, а подоцна ја посвети на елитата на САД која ја постигна првата колонијална победа во 1898 година против Шпанија за Филипините. Заробените домородци Киплинг ги опишал Киплинг ги опишал со погрдни имиња “темни луѓе”, “полуѓаволи” и “полубожни”. Таквото гледиште било вообичаено кај британските колонијалисти кои ја истакнувале религиозната супериорност над подредените народи.

Во Големата војна, британските империјалисти окото го фрлиле на дијамантите на Османлиското Царство: со нафта богатите подрачја на Месопотамија – модерниот Ирак и Палестина. Во 1881 година, британските кредитни банки го изманипулирале османлискиот султан Абдул Хамид II. да го прифатат управувањето со јавниот долг од страна на странците. Британците и другите Европејци ја искокористиле тешката финансиска состојба на Османлиската империја за уште повеќе да ја исцрпат Османлиската империја. Во 1901 година. Британците од Османлиите го презедоа Кувајт, кој станува нивни протекторат, а Цариград не можел да направи ништо. Поради финансиски проблеми, Османлиите престанаа да применуваат толерантна политика за малцинствата, што е директна последица на притисокот на странските банкари. Власта во Цариград станувала се построга и наметнувала повисоки даноци што ги испровоцирало Арапите да започнат бунт. А, немирите ги искористија Британците за освојување на региони.

Се појавија различни арапски националисти. Еден од најважните бил емирот на муслиманскиот света град Мека, Шариф Хусеин бин Али. Некои од арапските племенски лидери се обидоа да го убедат Шариф Хусеин да го води арапскиот бунт. Хусеин го испратил својот син Абдула во Сирија на средба со арапските националисти и потоа за Каиро за да види дали Британците ќе ги поддржат. Одговорот на Лондон бил позитивен. Британскиот министер за одбрана, Лорд Киченер, го повикал Хусеин да се бори заедно со британските, француските и руските сили против Османлиите, кои биле на страната на Централните сили на Германија и Австро-Унгарија. Британците на Хусеин му ветиле идно признавање на арапската нација, арапскиот калифат и царството на чело со него кое ќе биде на просторот меѓу Египет и Персија, со исклучок на некои британски имоти како што се Кувајт и Аден и дел од сирискиот брег. Во 1916 година Хусеин го започнал Големиот арапски бунт против Османлиите. Востанието набрзо било поддржано од британскиот разузнавач Т.Е. Лоренс, кој ќе стане познат како Лоренс од Арабија, кој ги насочувал арапските акции.

Истовремено додека Британците на Хусеин му ветувале власт во голем во големиот арапски калифат, исти ветувања им дале и на неговиот непријател Ибн Сауд, поглавар на бедуинско племе племе познато по суровите методи на сите непријатели. Британскиот генерал-мајор Перси Кокс го потпишал британско-саудискиот договор за пријателство со Ибн Сауд во декември 1915 година, а според него, Сауд бил признат како шеф на саудиската држава, а Британците ја гарантирале неговата заштита во војната против Османлиите. Но, единствениот проблем бил тоа што неговиот смртен непријател, Шариф Хусеин од Мека, претходно се прогласи за “крал на Арапите”, вклучувајќи ги Ибн Сауд и неговите вехабијски бедуини. Британците намерно ниту се обиделе да ги смират двата арапски лидери, туку намерно работеле на поделби, со што ништо од ветеното не би се реализирало.

Освен тоа што Британците свесно и намерно ги лажеле Арапите како би им помогнале да ги победат османлиските сили, истовремено потпишаа таен договор со Франција и царска Русија за поделба на араоскиот свет после завршување на Првата светска војна. Целосно игнорирајќи ги ветувањата дадени на Арапите, во февруари 1916 година, сер Марк Сајкс од британското МНР и францускиот дипломат Жорж Пикот потпишаа таен договор за поделба на Блискиот Исток. Русија ја добила северна Турција и Персија, Италија, јужна Турција и Додеканески Острови, Франција, Сирија и Либан, а сите други земји богата со нафта, како што се Ирак и Кувајт, биле во Велика Британија. На Арапите им биле оставени само непрегледните пустини на Арапскиот полуостров. По триумфрањето на октомвриската револуција во Русија во 1917 година, Русија се повлече од договорот Skyes-Picot и јавно го објави на светот што представуваше доказ за измама на арапите. Со овој договор, најразвиените арапски области се најдоа под британските чизми, што доведе до омраза и недоверба кон христијанскиот запад од страна на домицилното население. Неколку недели по објавувањето, Британците го стеснале снабдувањето со оружје и пари на Ибн Сауд.

На 31 октомври 1917 година следеше уште едно предавство на Арапите. Тогаш, британските трупи од околу 150.000 војници го окупираа Бир Шеба и го отворија пат за преземање на цела Палестина. Кога таа вест ја примил Артур Балфур, наводно, веднаш посегнал спрема веќе напишано писмо а го објави на 2 ноември. Тој му го испратил на Волтер Ротшилд со барањето да го проследи до Светската ционистичка федерација предводена од Хаим Вајзман. Писмото во историјата влезе познато како Декларација на Балфур. Во него било напишано: “Почитуван Господине Ротшилд, ми претставува големо задоволство да ви го пренесам во името на Владата на Неговото Височество следното изразување на наклонетост на еврејските ционистички аспирации кои се презентирани на владата и прифатени: Власта на нејзиното Височеството гледа со наклонетост на воспоставување на националниот дом на еврејскиот народ во Палестина и ќе вложи напори да го олесни постигнувањето на таа цел со недвосмислен став дека ништо не може да се направи што би ги поткопало граѓанските и верските права на постоечките нееврејски заедници во Палестина, ниту на еврејските права и политичкиот статус на другите земји “.

Печатот го објави текстот на писмото една недела подоцна. Декларацијата Балфур беше подоцна вградена во мировниот договор во Севрес со Османлиското царство во 1920 година, а потоа Британците побараа палестински протекторат. Во август 1920 година, претставници на Велика Британија, Франција и Италија се состанаа во Севрес, Франција, каде што го поделија поразеното Османлиско царство. Русија беше исклучена заради болшевичката револуција, а САД го игнорирал тој империјалистичкиот сет. Договорот се базираше на основа картата на споменатиот договор меѓу Сајкс и Пикот и тој ја одреди судбината на Блискиот Исток за следниот век. Велика Британија, во согласност со Декларацијата Балфур, ја доби Палестина, а освен неа и Ирак, каде што Британците добија исклучително поволни нафтени концесии. Франција ја доби Сирија, Либан и територијата на Јужна Анадолија. Западна и Источна Анатолија биле прогласени за “региони под француско влијание”. Кралството Хиџаз, Саудиска Арабија, доби меѓународно признание како независно кралство со Мека и Медина. Треба да се напомене дека таму сè уште не била пронајдена нафта. Ерменија била призната како независна држава.

Турските финансии ги презедоа странските банкари. Договорот Севрес на Курдите не им даде независност. Големиот курдски народ освен во внатрешноста на турските граници, остана прелеан во Сирија, Ирак и Иран, оставајќи ги без своја држава, што доведе до постојани тензии во тие области. Британските војници, исто така, зазеле делови од Западен Иран, кои не биле дел од Османлиската империја, а Британците потпишале договор за закуп на 99 години на големи нафтени богатство за англо-персиска нафтена компанија, која подоцна ќе стане позната како British Petroleum (BP). Од целата повоена поделба на Османлиското царство, Британците најмногу профитираа. Тие ги презедоа најголемите ирачки нафтени полиња, како и Кувајт богат со нафта и веќе во 1914 година, објавија свој протекторат над Египет вклучувајќи го и стратешки важниот Суетски канал и Судан.

Познатиот британски геостратег, Сер Хелфорд Макиндер, кој бил британски империјалист, напишал дека арапскиот свет е од клучно значење за британскиот проект за глобална империја. Арапскиот свет го нарекол “земја на премин”. Всушност, Британците, благодарение на контролата на Блискиот Исток по Првата светска војна, имале глобална доминација и контрола на нафтата. Меѓутоа, на долг рок, целата Британска империја била речиси целосно пропадна, меѓутоа Британците зад себе посеале трајно семе на поделба, несогласување и омраза што го поттикна нередите и недоразбирањата меѓу муслиманите, и целиот арапски свет.

Извори и Референци:

History education learning resources https://www.historylearningsite.co.uk

RT
Engdahl, F. W.: Izgubljeni Hegemon, Profil, Zagreb, 2015.
Dekanić, I.: Nafta – Blagoslov ili prokletstvo, Golden marketing-Tehnička knjiga, Zagreb, 2007.