Повеќе од 50.000 луѓе денеска беа евакуирани од своите домови во централна Мјанмар, откако заради пукање на брана вода поплави градот Свар и околните села.
Во прекин е главниот пат, соопштија официјални претставници.
Многу луѓе, од кои некои не се директно погодени од поплавите, одлучија да ги напуштат своите домови поради страв дека нивото на водата би можело да се зголеми, изјави претставник од Одделот за управување со природните катастрофи, кој сакаше да остане анонимен, пренесе Ројтерс.
Според официјалните претставници, 54.000 луѓе од 12.000 домаќинства се целосно раселени.










