Трамп ја прекинува ветената помош од 230 милиони долари за обнова на Сирија

0
479

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата земја престанува да дава средства во вредност од 230 милиони долари годишно за развој на Сирија.
“Саудиска Арабија и другите богати земји на Блискиот Исток ќе почнат да плаќаат наместо САД. Сакам да ги развијам САД, нашата армија и земјите што ни помагаат “, напишал Трамп на Твитер.

Портпаролката на американски Стејт департмент, Хетер Науерт, изјавила дека средствата во износ 230 милиони американски долари ветени за повторно воспоставување на стабилност во областите ослободени од ИСИС во Сирија ќе бидат пренасочени кон други области.

Извор:(Vijesti/ AA)