Стотици илјадници идни хаџии денес се собраа во дворот на светиот храм на Каба во Мека за да ја извршат последната џума намаз молитва, на муслиманите пред празникот Курбан-Бајрам, кога ќе ја извршат една од основните обврски Хаџот, јави агенцијата Анадолу (АА ).![]()
Повеќе од два милиони хаџии овие денови ги извршуваат обредите на Хаџ, меѓу кои главно се облекување на ихрам, престојот на Арефат и таваф (обиколка околу Каба). Хаџите ќе предстојуваат и на Мине и Музделифи, и ќе го извршат симболичкото каменување на шејтанот со седум каменчиња.
Хаџот е една од петте исламски должности, кои во текот на животот треба да ги исполни секој полнолетен маж и жена кои ќе стекнат услови за тоа.Денот на Арефат е во понеделник, 20 август. Деветтиот ден од последниот месец на хиџретскиот календар и е познат како Јевмул-Арефе (Дан на Арефа). Арефат е брегче, оддалечено на петнаесет километри од Мекка, а престојот на Арефата е обврска на секој хаџија, и сите на 9-ти зул хиџе, денс наспроти Курбан Бајама, се собираат на ова место.
![]()
Курбан или Хаџи-бајрам, за време на кој е неопходно да се заколе курбан и подели курбанско месо на сиромашните, пријателите и соседите, трае четири дена и оваа година започнува на 21-ви август.
Извор:faktor











