Бројот на верници кои пристигнале во Саудиска Арабија од странство за да учествуваат на овогодинешните обреди на хаџ изнесува околу 1,39 милиони луѓе, објавија саудиските власти во понеделникот, објави агенцијата Анадолу (АА).
Според Саудиската Генерална дирекција за пасоши, податоците за датумите на аџилак се од 14 јули до 11 август.
Саудиското министерство за Хаџ и Умра на 1-ви јули изјави дека се направени аранжмани за сместување на два милиона од очекуваните аџии.
Минатата година околу 1,75 милиони муслимани ја посетија Саудиска Арабија за извршување на хаџ, а 6,53 милиони пристигнале на Умра.
Аџилокот на Мекка и извршувањето на хаџ барем еднаш во животот е задолжително за секој возрасен, психички и физички здрав Муслиман, на финансиските можности тоа му го дозволуваат.
Обредот на Хаџ се одржува секоја година во периодот од 8 до 12 Зул-Хиџе, последниот месец на лунарната година. Со оглед на тоа што на аџилак во Мека секоја година собираат муслимани од целиот свет, Хаџот е еден од најбројните, носно најголеми собири во светот.











